Connect with us

Гевгелија

Во тек се градежните работи на реконструкција на патниот правец Богданци-Фурка

Avatar

Published

on

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, и директорот на ЈПДП Зоран Китанов, заедно со Градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков извршија обиколка на  градежните работи на реконструкцијата на патниот правец Богданци-Фурка.

Веднаш штом завршат административните постапки ќе започне и проширувањето и реконструкцијата на патот Гевгелија-Богданци со цел побезбедно и посигурно движење на овој патен правец.

Особено е значајна реконструкцијата на целиот потег од граничниот премин кај Ново Село, преку Фурка, Богданци до Гевгелија затоа што на овој дел се поврзуваат патните правци кон три гранични премини. Реконструкцијата и проширувањето ќе придонесат за олеснување на движењето на граѓаните и трговската размена, рече градоначалникот Сашо Поцков при посетата на градежните активности кои се во тек.

-Заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов извршивме увид во текот на градежните работи на споредниот пат Прдејци-Смоквица. Работите се одвиваат со забрзана динамика и се во завршна фаза, додава Поцков

Гевгелија

Гевгелија ќе добие станбена зграда за домување на лица од социјално – ранливи категории

Виолета | Media Press

Published

on

Започна изградбата на нова станбена зграда кај поранешната Касарна во Гевгелија, која ќе биде наменета за домување на лица во социјален ризик и други ранливи групи.

Во станбената зграда се предвидени 52 стана, во кои ќе бидат сместени социјално-загрозени семејства. Зградата е дел од програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на РС Македонија. Одобрението за градење е издадено од Општина Гевгелија.

             Инвеститор на социјалните станови е АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Изведувач на градежните работи е ДПТУГУ „Атриум“ ДОО узов-извоз Вевчани, со лиценца „А“ за изведувач на градби од прва категорија, додека надзорот при изведувањето го врши инвеститорот – АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката- Подружница Струмица.

Continue Reading

Гевгелија

Подобрена урбаната опрема за одржување на комуналната хигиена во ЈПКД „Комуналец“ во Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

Во ЈПКД „Комуналец“ во Гевгелија, наспроти зголемените активностиза спроведување на заштитните мерки против Корона вирусот, се реализирани повеќе активности за подобрување на комуналната хигиена, информираат од Комуналец.

„Во изминатите десет месеци, набавени се 85 улични корпи за ситен отпад, 80 пластични контејнери од 1.1 м³ и 25 метални контејнери од 1.1 м³.Во овој период е реализирана и акцијата за набавка и бесплатна поделба на контејнери на домаќинствата  во оние делови од градот, каде што поради тесните улици нема услови за поставување на контејнери.           – Набавени се 1500 канти за отпад од 120 литри кои се поделени бесплатно на домаќинствата, каде собирањето на отпадот е рачно и нема можност за поставување на контејнери“, вели директорот на ЈПКД „Комуналец“, Златко Зумров.
Тој додава дека до крајот на годината, ќе се набават и поделат уште 500 канти, а идната година е планирана набавка на уште 1750 канти за отпад од 120 литри кои бесплатно ќе им бидат поделени на домаќинствата.

„Со тоа ќе се обезбедат услови за навремено собирање и дистрибуирање на отпадот и во оние градски делови и непристапна улици, а тоа домаќинствата нема да ги чини ништо“, вели Зумров, нагласувајќи дека за подобро одржување на комуналната хигиена на јавните површини набавена е метларка за машинско чистење на улици.       

   Во ЈПКД „Комуналец“  набавена е опрема за зимско одржување на улици и патишта  за три возила. Со тоа, всушност, се заштедени значителни финансиски средства во Oпштината. Имено, досега Oпштина Гевгелија за зимско одржување на улиците ангажирала фирми преку постапка за јавни набавки.

Continue Reading

Гевгелија

Продолжуваат да важат засилените мерки донесени од Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

    Согласно моменталната епидемиолошка слика на општина Гевгелија,продолжуваат да важат засилените мерки за заштита од КОВИД-19 кои ги донесе Општинскиот штаб за заштита и спасување на својата последна седница:

            -„ Граѓаните доследно да ги почитуваат и применуваат мерките на Владата на РСМ и на Министерството за здравство, посебно, кога станува збор за личната заштита и одржувањето на социјална дистанца.

            – Градскиот пазар и наредниот четврток ќе биде отворен само од еден влез, а пазарниот ден ќе се одвива со задолжителна примена на заштитните мерки: носење маска, дезинфекција на рацете и држење физичка дистанца.

            – Црковните власти во Гевгелија согласно укажувањата на Општинскиот штаб за заштита и спасување најавија дека погребните церемонии и помени во наредниот период ќе се изведуваат исклучиво на Градските гробишта со ограничен број на присутни, односно најблиските членови на семејството. Црковната кујна нема да биде отворена.

            – Сите правни субјекти, јавни установи и други објекти доследно да ги применуваат Протоколите за работа и за здравствена заштита и да се организира уште еден состанок со сопствениците на угостителските објекти, на кој ќе им биде укажано за сериозноста на состојбата и потребата од доследна примена на протоколите за работа.

            – Продолжува вршењето дезинфекција на јавните површини, двапати месечно, од страна на ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Центар за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.

            – Се преземаат ригорозни мерки во однос на примената на здравствените и протоколите за работа. За таа цел, секој ден ќе се врши контрола од надлежните државни и општински инспекциски служби и други органи според Планот за контрола на примената на заштитните мерки. За непочитување на заштитните мерки ќе следат соодветни санкции“ стои во известувањето од Општина Гевгелија.

Continue Reading