Connect with us

Гевгелија

Излезе од печат теориското дело „Потенцијалите на жанрот крими-драма преку сценариото за игран филм Се викам Слобода“ од Стефан Марковски.

Avatar

Published

on

Во издание на ЈОУ градска библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија деновиве излезе од печат теориското дело „Потенцијалите на жанрот крими-драма преку сценариото за игран филм Се викам Слобода“ од Стефан Марковски.

Делото е магистерски труд на авторот одбранет на Катедрата за филмско и ТВ сценарио при Факултетот за драмски уметности – Скопје и се состои од 2 сегменти: анализа на техники, развој на карактери и приказна за сценарио во контекст на жанрот крими-драма во современиот македонски и западен филм и самото сценарио за долгометражен игран филм „Се викам Слобода“.

Во рецензијата кон ова сценарио и теоретска разработка надополнета од препорака за филмска продукција потпишана од тричлена комисија, ред. проф. Владимир Блажевски, ред. проф. м-р Лазар Секуловски и ред. проф. д-р Сашко Насев се наведува:

„Преку оваа приказна се разработуваат акутни општествени состојби на нашето совремие, но најважно е тоа што самото сценарио како предлошка за игран филм создава една нова, за себеси, уметничка реалност. Во сценариото „Се викам Слобода“ авторот прво го дефинира екстровертниот живот и колективниот дух на младите, урбани граѓани. Во тој квантум на бигори, соништа и недостаток на слобода, но, и преку специфична постапка својствена на неговиот авторски, зрел писателски јазик, тој го прецизира својот индивидуален однос кон животот и времето, актуелните теми и третманот на средината кон оние што се како нас, ама не се исти.“

Од анализите во овој труд произлегува дека доминантен облик на драма, како од аспект на вкупна продукција, така и од аспект на прифатеност кај публиката, во досегашната македонска кинематографија е историската драма, додека хибридниот жанр крими-драма, како и самата филмска естетика на обратното, за разлика од она што е случај со светските тенденции, кај нас се едни од најслабо прифатените.

Гевгелија

Гевгелија ќе добие станбена зграда за домување на лица од социјално – ранливи категории

Виолета | Media Press

Published

on

Започна изградбата на нова станбена зграда кај поранешната Касарна во Гевгелија, која ќе биде наменета за домување на лица во социјален ризик и други ранливи групи.

Во станбената зграда се предвидени 52 стана, во кои ќе бидат сместени социјално-загрозени семејства. Зградата е дел од програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на РС Македонија. Одобрението за градење е издадено од Општина Гевгелија.

             Инвеститор на социјалните станови е АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Изведувач на градежните работи е ДПТУГУ „Атриум“ ДОО узов-извоз Вевчани, со лиценца „А“ за изведувач на градби од прва категорија, додека надзорот при изведувањето го врши инвеститорот – АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката- Подружница Струмица.

Continue Reading

Гевгелија

Подобрена урбаната опрема за одржување на комуналната хигиена во ЈПКД „Комуналец“ во Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

Во ЈПКД „Комуналец“ во Гевгелија, наспроти зголемените активностиза спроведување на заштитните мерки против Корона вирусот, се реализирани повеќе активности за подобрување на комуналната хигиена, информираат од Комуналец.

„Во изминатите десет месеци, набавени се 85 улични корпи за ситен отпад, 80 пластични контејнери од 1.1 м³ и 25 метални контејнери од 1.1 м³.Во овој период е реализирана и акцијата за набавка и бесплатна поделба на контејнери на домаќинствата  во оние делови од градот, каде што поради тесните улици нема услови за поставување на контејнери.           – Набавени се 1500 канти за отпад од 120 литри кои се поделени бесплатно на домаќинствата, каде собирањето на отпадот е рачно и нема можност за поставување на контејнери“, вели директорот на ЈПКД „Комуналец“, Златко Зумров.
Тој додава дека до крајот на годината, ќе се набават и поделат уште 500 канти, а идната година е планирана набавка на уште 1750 канти за отпад од 120 литри кои бесплатно ќе им бидат поделени на домаќинствата.

„Со тоа ќе се обезбедат услови за навремено собирање и дистрибуирање на отпадот и во оние градски делови и непристапна улици, а тоа домаќинствата нема да ги чини ништо“, вели Зумров, нагласувајќи дека за подобро одржување на комуналната хигиена на јавните површини набавена е метларка за машинско чистење на улици.       

   Во ЈПКД „Комуналец“  набавена е опрема за зимско одржување на улици и патишта  за три возила. Со тоа, всушност, се заштедени значителни финансиски средства во Oпштината. Имено, досега Oпштина Гевгелија за зимско одржување на улиците ангажирала фирми преку постапка за јавни набавки.

Continue Reading

Гевгелија

Продолжуваат да важат засилените мерки донесени од Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

    Согласно моменталната епидемиолошка слика на општина Гевгелија,продолжуваат да важат засилените мерки за заштита од КОВИД-19 кои ги донесе Општинскиот штаб за заштита и спасување на својата последна седница:

            -„ Граѓаните доследно да ги почитуваат и применуваат мерките на Владата на РСМ и на Министерството за здравство, посебно, кога станува збор за личната заштита и одржувањето на социјална дистанца.

            – Градскиот пазар и наредниот четврток ќе биде отворен само од еден влез, а пазарниот ден ќе се одвива со задолжителна примена на заштитните мерки: носење маска, дезинфекција на рацете и држење физичка дистанца.

            – Црковните власти во Гевгелија согласно укажувањата на Општинскиот штаб за заштита и спасување најавија дека погребните церемонии и помени во наредниот период ќе се изведуваат исклучиво на Градските гробишта со ограничен број на присутни, односно најблиските членови на семејството. Црковната кујна нема да биде отворена.

            – Сите правни субјекти, јавни установи и други објекти доследно да ги применуваат Протоколите за работа и за здравствена заштита и да се организира уште еден состанок со сопствениците на угостителските објекти, на кој ќе им биде укажано за сериозноста на состојбата и потребата од доследна примена на протоколите за работа.

            – Продолжува вршењето дезинфекција на јавните површини, двапати месечно, од страна на ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Центар за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.

            – Се преземаат ригорозни мерки во однос на примената на здравствените и протоколите за работа. За таа цел, секој ден ќе се врши контрола од надлежните државни и општински инспекциски служби и други органи според Планот за контрола на примената на заштитните мерки. За непочитување на заштитните мерки ќе следат соодветни санкции“ стои во известувањето од Општина Гевгелија.

Continue Reading