Connect with us

Радовиш

Спортските објекти во општините ќе бидат префрлени под јурисдикција на самите општини

Avatar

Published

на

Директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти Шпенди Хајредин и Ѓорги Тасев- посебен советник за млади и спорт во Владата беа во работна посета на општина Радовиш.

На средбата со Градоначалникот Герасим Конзулов се разговараше за спроведување на одлуката на Владата, спортските објекти во општините да бидат префрлени под јурисдикција на самите општини. Сето ова е во насок на подобрување на функционирањето на спортските објекти, со оваа одлука ќе се реши и долгогодишниот нерешен статус на спортската сала „25 мај“ во Радовиш, каде што спортските клубови и рекреативци ќе имат подобри услови за спортување и одржување на своите тренинзи информираат од Општина Радовиш

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе