Connect with us

Видео

Општина Радовиш ќе го уредува коритото на реката Сушица

Виолета | Media Press

Published

on

Преку проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“. Станува збор за проект со вкупна вредност од околу  587.900 евра. Доделен  преку Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и  Македонија.

Истиот ќе се реализира во наредните две години со што ќе се овозможи уредување на дел од коритото на реката Сушица во општина Радовиш во должина од 624 метри, чистење на коритото, поставување на каскадни прагови, кејски ѕид, уредување на дното, градење скали и рампи.

Проектот е дел од заедничкиот македонско-бугарски проект „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како проектен партнер ќе го имплементира заедно со општина Сандански од Република Бугарија, како водечки партнер на проектот.

Со реализација на овој поект ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните во прекуграничниот регион односно на граѓаните на Радовиш, преку зголемување на безбедноста од природни катастрофи.  Ваквите активности ќе овозможат да се уреди коритото на реката Сушица, која подолго време претставува ризик фактор за предизвикување на поплави при обилни врнежи.  а ќе се изврши и пошумување и озеленување околу коритото со што ќе се направат чекори кон намалување на негативните последици од поплавите, информираат од Општина Радовиш.  

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како проектен партнер ќе го имплементира проектот заедно со општина Сандански од Република Бугарија како водечки партнер а договорот е доделен на официјална церемонија во министерството за регионален развој и јавни работи во Софија, Република Бугарија.

Видео

„Ќе брмчи Иџе“ промотивна трка низ скопските улици во чест на медицинарите и полицијата

Александар | Media Press

Published

on

„Медицинарите и полицијата се нашите херои“ оваа порака вчера ја пренесе најдобриот македонски автомобилист Igor Idze Stefanovski. Преку промотивната трка насловена ,,ќе брмчи Иџе“ тој дава поддршка на медицинските лица, полицијата, армијата кои се на првата борбена линија во овој тежок период предизвикан од  пандемијата на коронавирусот. .

Иџе во време на полицискиот час едноставно го размрда Скопје, ги извади околните жители на балконите да се пофали со неговото ново возило со кое ќе се натпреварува следната автомобилистичка сезона.

Continue Reading

Видео

Видео кое предизвика големо внимание

Александар | Media Press

Published

on

На социјалните мрежи се појави видео како се подготвува со заштитна опрема медицинскиот персонал во болниците во Италија, кои се грижат за пациантите заразани со корона вирус.

Под видеото стои:
❤️ 🇮🇹 ИТАЛИЈАНСКИ ХЕРОИ 🇮🇹 ❤️


ЛИНК ДО ВИДЕОТО

Continue Reading

Видео

Заев обелодени, зошто граѓаните во државава не можат да дојдат до лекови на рецепт

Avatar

Published

on

Претседателотна Владата Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања обелодени причини откриени низ анализа, зошто граѓаните во државава не можат да дојдат до лекови на рецепт во текот на целиот месец, туку само на почетокот на месецот.

Тој рече дека нешто повеќе од година се работи на ова прашање, дека контроли покажале злоупотреби, дека се прави комплетно информатички систем на контрола и најави целосно решение на проблемот на есен.

Continue Reading