Connect with us

Видео

Најпосакуваната туристичка дестинација во Југоистокот

Avatar

Published

на

На надморска височина од 630 метри, скриен длабоко во планината Беласица, помеѓу столетните букови дрвја, по текот на реката Ломница се наоѓа Смоларскиот водопад.

Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.

Водата паѓа по мазна карпа, притоа ослободувајќи освежителна пареа која доаѓа се до платформата, од каде може да се набљудува. Освен од земјава туристи доагаат и од странство.

Околината на водопадот е позната како место со најмногу кислород во регионот, а пешачката патека претставува идеално место за рекреација. По завршувањето на асфалтниот пат до водопадот има околу 500 метри пешачење, и 263 скали од камен.

 Посетата на Смоларскиот водопад е вистинско уживање во недопрената распослана природа која повторно ги навраќа оние кои еднаш го посетиле. Околното население е гордо на оваа природна убавина.

прикажи повеќе
Advertisement
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Видео

„Ќе брмчи Иџе“ промотивна трка низ скопските улици во чест на медицинарите и полицијата

Avatar

Published

на

„Медицинарите и полицијата се нашите херои“ оваа порака вчера ја пренесе најдобриот македонски автомобилист Igor Idze Stefanovski. Преку промотивната трка насловена ,,ќе брмчи Иџе“ тој дава поддршка на медицинските лица, полицијата, армијата кои се на првата борбена линија во овој тежок период предизвикан од  пандемијата на коронавирусот. .

Иџе во време на полицискиот час едноставно го размрда Скопје, ги извади околните жители на балконите да се пофали со неговото ново возило со кое ќе се натпреварува следната автомобилистичка сезона.

Прочитај повеќе

Видео

Видео кое предизвика големо внимание

Avatar

Published

на

На социјалните мрежи се појави видео како се подготвува со заштитна опрема медицинскиот персонал во болниците во Италија, кои се грижат за пациантите заразани со корона вирус.

Под видеото стои:
❤️ 🇮🇹 ИТАЛИЈАНСКИ ХЕРОИ 🇮🇹 ❤️


ЛИНК ДО ВИДЕОТО

Прочитај повеќе

Видео

Заев обелодени, зошто граѓаните во државава не можат да дојдат до лекови на рецепт

Avatar

Published

на

Претседателотна Владата Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања обелодени причини откриени низ анализа, зошто граѓаните во државава не можат да дојдат до лекови на рецепт во текот на целиот месец, туку само на почетокот на месецот.

Тој рече дека нешто повеќе од година се работи на ова прашање, дека контроли покажале злоупотреби, дека се прави комплетно информатички систем на контрола и најави целосно решение на проблемот на есен.

Прочитај повеќе