Connect with us

Струмица

Со растот на температурите почна да расте и потрошувачката на вода во Струмица.

Avatar

Published

on

Во последните неколку денови регистрирано зголемување од околу 20  што е значително поголем процент во однос на истиот период лани. Зголемената потрошувачка на вода била посебно изразена во утринските и попладневните часови  како и за време на викендите кога најголемиот дел од граѓаните се во нивните домови.  Од Комуналец велат  имајќи предвид дека се работи за летен период ваквата појава била очекувана, но сепак овој процент  не  е вообичаен за овој период од годината. 

,,Потрошувачката на вода овие денови е драстично зголемена за разлика од претходниот период, од претходните години. Но, секако тоа е поврзано и со покачувањето на температурите кои што се присутни овој период.,, вели СТОЛЕ ЕФРИМОВ – ЈПКД КОМУНАЛЕЦ – СТРУМИЦА

Од струмичкото комунално претпријатие  велат  дека континуирано ја следат потрошувачката и врз основа на потребите ќе и зголемуваат количините на произведена вода. Од таму додаваат дека тие имаа доволно капацитет за да се одговори на потребите на граѓаните и веќе се подготвени за вакви периоди. Во моментов фабриката за производство на вода работела со две третини од расположливиот капацитет.

,,Ние како јавно комунално претпријатие имаме искуство да се справуваме со такви периоди. Очекувано е дека во летниот период ќе биде зголемена потрошувачката. Во овој период ние секако имае резерви за поголема потрошувачка, но во моментот работиме со 600 метри кубни на час.,, вели ЕФТИМОВ Една од причините поради кои потрошувачката на вода бележи значителен порат е користењето на истата и за наводнување на зелените површини во домаќинствата. Од струмички комуналец велат и покрај тоа што тие имаат доволно вода за да ги задоволат потребите на граѓаните сепак апелираат таа да се штеди и чистата и преработена вода вода да ја користат исклучиво за потребите на домаќинствата, а за наводнување да користат  техничка вода.

Струмица

Кривична пријава за лице од Струмица поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Александар | Media Press

Published

on

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и И.В.(45) од Струмица, управител на наведеното правно лице, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 26/27.09.2020 пријавените постапиле спротивно на протоколот за отварање и работа на кафетерии и угостителски објекти за исхрана, така што на повеќе стоечки маси, околу кои биле присутни повеќе лица, без да има доволно столици за сите, било извршено послужување, а на сите маси немало дезинфекциски средства и не се носеле заштитни маски на лицето.

Continue Reading

Струмица

Приведени крадци од струмичко, извршиле тешки кражби

Виолета | Media Press

Published

on

Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Струмица, на 09 и 10.10.2020, по претходни оперативни сознанија, во с.Иловица, струмичко, од слобода лиши три лица поради сомнение дека извршиле повеќе тешки кражби во куќи на подрачјето на Струмица и околните села.

Во СВР Струмица биле приведени Ш.М.(32), С.М.(18), двајцата од село Иловица и 17 – годишен малолетник од с.Свидовица. Во врска со кражбите на разговор во СВР Струмица бил повикан и Ш.М.(18 ) од с.Иловица.

Расчистени се тешкки кражби кои ги извршиле во куќи во с.Колешино и с.Куклиш и пронајдени и одземени се повеќе предмети кои им припаѓаат на оштетените. Исто така, извршено е и препознавање на Ш.М.(32) од оштетените.

По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информира СВР Струмица.

Continue Reading

Струмица

Општина Струмица денеска го одбележи 11 Октомври – Ден на Народното востание

Виолета | Media Press

Published

on

Со полагање свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата во градскиот парк, општина Струмица денеска го одбележи 11.Октомври – Ден на Народното востание на Македонија и Ден на борецот.

Свежо цвеќе положија повеќе делегации од Општина Струмица, од политички партии и од здруженија.

Единаесетти Октомври е ден од македонската историја кој не само што е симбол на нашата борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на подоцнежната македонска државност. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме споменот за нив и за овој голем ден кој со пиетет го празнуваме. Тоа треба да не мотивира да чекориме напред и да веруваме во себе и во својата татковина, создавајќи нераскинлив јазол помеѓу минатото и иднината.

Continue Reading