Македонија
572 санкции на ниво на држава за едно деноноќие за неносење заштитна маска, 68 во Југоистокот
Објавено на
Од
Media Press
Во текот на изминатото деноноќие (16/17.11.2020 година) на територијата на Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 572 прекршоци.
Секојдневно се регистрираат по околу 50-тина прекршоци по однос на оваа мерка и во Југоистокот. Така во текот на вчерашниот ден на ниво на подрачјето на СВР Струмица, 68 лица не ја почитувале мерката, од кои 28 во Гевгелија, 18 во Струмица, 14 во Радовиш и 8 во Валандово. За овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Поврзани содржини

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Во акциска контрола изречени санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

МВР: 235 санкционирани возачи на мотоцикли, два мотоцикли одземени

30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици во земјава

67 санкции на територијата на државата за непропуштање пешаци на пешачки премин

67 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 17 упатени на вонреден технички преглед
Македонија
Ново намалување на цените на горивата од вечерва
Published
8 часа agoна
ноември 23, 2026By
Media Press
Промена на цените на горивата од вечерва, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати .
- Еуросупер 95 се намалува за 2 денари и ќе изнесува 82.0 ден/л,
- Еуросупер 98 се намалува за 2 денари и ќе изнесува 84.0 ден/л
- Еуродизел се намалува за 3,5 денари и ќе изнесува : 88.5 ден/л
Македонија
ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ СПРЕЧИЈА НЕЛЕГАЛЕН ВНЕС НА 2,8 ТОНИ НЕЈОДИРАНА СОЛ КОЈА Е ЗАБРАНЕТА ЗА УВОЗ
Published
3 дена agoна
ноември 20, 2026By
Media Press
Царински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз. Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација.
Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла.
Царинската управа потенцира дека откривањето на царински измами со храна е еден од главните приоритети на управата, со цел заштита на здравјето на граѓаните. За оваа цел минатата година со АХВ беше склучен и Меморандум за размена на податоци со што значително се унапреди борбата со криминалот поврзан со храна.

Македонија
Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
Published
4 дена agoна
ноември 19, 2026By
lence
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.
На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка

Посебен акцент на разговорот беа економската и трговска соработка, инфраструктурните проекти и нивната реализација, притоа беше потврдена ефикасната реализација на стратешките проекти од национален и регионален интерес.
Вицепремиерот Николоски додаде дека изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови.

Се разговараше и за соработката во рамките на НАТО Алијансата и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на регионот.

На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Притоа беше истакната важноста на континуитетот на партнерските односи, заедничката посветеност на реализацијата на приоритети и продлабочувањето на соработката особено во делот на економијата и трговската размена.

Ново намалување на цените на горивата од вечерва

Кривична пријава за затворски полицаец, затекнат е при продажба на дрога додека бил на работа

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ СПРЕЧИЈА НЕЛЕГАЛЕН ВНЕС НА 2,8 ТОНИ НЕЈОДИРАНА СОЛ КОЈА Е ЗАБРАНЕТА ЗА УВОЗ

Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово

