Струмица
Кривична пријава за затворски полицаец, затекнат е при продажба на дрога додека бил на работа
Објавено на
Од
Media Press
СВР Струмица, до Основно јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Р.С.(50) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 и „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

На 21.11.2026 во близина на Затвор Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Р.С.. Тој, на работното место како затворски полицаец, пред затворот во Струмица се обидел да изврши продажба на кокаин на друго лице, при што кај него биле пронајдени три пакувања со кокаин. Од дополнително преземените мерки, извршените претреси во домот на пријавениот и во службени простории кои ги користи тој во затворот биле пронајдени повеќе пакувања со кокаин, пакување со марихуана и дигитална вага.
Исто така, од извршениот претрес во службен ормар, кој го користел пријавениот, биле пронајдени и куршуми за пиштол чија количина била поголема од онаа која ја имал задолжено како затворски полицаец. Воедно, при претресот бил пронајден и паричник, кој потекнува од кражба пријавена на 21.11.2026 година.

За сите преземени мерки бил известен јавен обвинител, а Р.С. бил задржан во Полициската станица Струмица. По поднесување на кривичната пријава тој бил изведен пред надлежен судија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Поврзани содржини
Струмица
ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за обновување и одржување на семафорската сигнализација
Published
6 дена agoна
ноември 17, 2026By
Media Press
ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за тековно одржување, санација и подобрување на функционалноста на семафорската сигнализација на територијата на градот. Во изминатиот период беше извршена дефектажа, односно стручен преглед и утврдување на евентуалните неисправности на семафорската сигнализација кај трговскиот центар „Глобал“, а од утре избраната фирма ќе започне со реализација на предвидените активности. Тие опфаќаат фарбање на семафорските столбови и замена на семафорските светлосни тела, со цел обновување на опремата и обезбедување нејзино правилно функционирање.

Во следната фаза ќе биде извршен стручен преглед и утврдување на евентуалните неисправности и на останатите семафорски уреди во подземната гаража и на булеварот „Климент Охридски“, по што ќе следуваат соодветни активности за нивно одржување, санација и обновување.
Активностите се реализираат врз основа на претходно спроведена постапка за јавна набавка, со средства обезбедени од Буџетот на Општина Струмица. Со овие активности се продолжува со одржување и унапредување на сообраќајната инфраструктура, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и обезбедување сигурно и непречено функционирање на светлосната сообраќајна сигнализација.

Воедно, се упатува апел до граѓаните да не ги користат семафорските столбови за лепење некролози, известувања и други печатени материјали. За таа намена на располагање се поставените табли за огласување, кои треба да се користат за ваков вид известувања. Со тоа ќе се придонесе за зачувување на обновената опрема и уредниот изглед на јавниот простор.
Струмица
Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица
Published
1 недела agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА
Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.
Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20. Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.
Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија.
Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.
Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.
Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.
Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.
Струмица
Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица
Published
1 недела agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година!
На денешната 18-та седница на Советот на Општина Струмица е усвоен Планот на програмите за развој за 2027 година, со кој се поставува основата за реализација на капиталните инвестиции во наредната година.
Усвоени беа и ребалансот на буџетот за 2026 година, извештајот за неговото извршување за третиот квартал, како и измените и дополнувањата на општинските програми.
Одговарајќи на советничките прашања, градоначалникот Петар Јанков ги образложи тековните и планираните проекти, финансиското работење и предизвиците со кои се соочува општината.

Општината постепено ја стабилизира финансиската состојба и создава услови за поинтензивна реализација на планираните активности.
На седницата се донесе и одлуки за унапредување на комуналните услуги, работењето на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање и поддршка на граѓани на кои им е потребна парична помош.

,,Продолжуваме со одговорно управување, реално планирање и конкретни чекори за развој на Струмица“ – истакна градоначалникот Петар Јанков.

Кривична пријава за затворски полицаец, затекнат е при продажба на дрога додека бил на работа

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ СПРЕЧИЈА НЕЛЕГАЛЕН ВНЕС НА 2,8 ТОНИ НЕЈОДИРАНА СОЛ КОЈА Е ЗАБРАНЕТА ЗА УВОЗ

Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан – од 2027 година ќе има место за двојно помалку граѓани



