Connect with us

Македонија

Македонски концепт ја стартува кампањата од пред просториите на канцеларијата на Европската унија во државата

Media Press

Објавено на

Обештетување на граѓаните, одговарање на политичарите за неисполнети предизборни ветувања, следење на имотната состојба и барање доказ за потекло на имот, младите да бидат дел од системот без партиска припадност, враќање на квалитетен образовен систем е само дел од понудата на Македонски концепт на овие избори.

„Почеток на кампањата беше означен пред просториите на канцеларијата на Европската унија во државава како симбол на вредностите на коишто се стремиме, а сме далеку од нив.

Ние сме тука да Ви кажеме, кои се проблемите и што треба да се направи за да се решат истите, а одлуката е целосно Ваша! Ние сме тука да понудиме решенија, а не да се расправаме со партиите. Време е ова да престане. Време е граѓаните да ја вратат државата во свои раце. Да бидеме свои на своето. Се организиравме за да се избориме за слобода, спокој и солидарност”, изјави Петар Богојески лидер на политичката платформа Македонски концепт.

Според Богојески ова е последна шанса да покажеме дека не се согласуваме со политичарите на црно белиот свет во кој живееме.

„Сакаме да живееме во спокој! Сакаме нормален живот во фер општество и граѓанска држава, држава без етнички партии, сакаме да се врати ведрината на лицата на нашите граѓани, сакаме баланс помеѓу власта и опозицијата, сакаме слободна политика, обештетување на граѓаните, правда и сигурност кои ќе ги чувствува секој од нас, потекло на имот за сите политичари, финансиска лустрација, ефикасно здравство и реално образование, систем каде ќе има одговорност за политичарите и моќниците, сакаме партнерство со младите, сакаме децата да имаат подобра иднина од нас“, додаде Богојески на одржаната прес конференција.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе