Избори 2020
Со јавни работи за земја без отпад – чистење на каналите и управување со отпадот, најавува Македонски концепт
Published
4 години agoна
By
Media PressСостојбата на одводните канали е многу лоша и е извор на болести и зарази. Лошата состојба на одводните канали е причината за загадувањето на површинските води, оние води што се користат за наводнување на полјоделските култури се контаминирана со фекалии. Општина Илинден е само едно од местата каде состојбата со отпадот е алармантна и неопходна е изградба на комплетна одводна канализациона мрежа со пречистителни станици со цел да не се исфрла фекална и друга отпадна вода во каналот, рече Ивица Мицев кандидат на листата на Македонски концепт во ИЕ 3.
Според него, општините, селата и градовите, целата држава е депонија, отпад се остава секаде, никој не се грижи за животната средина, грижата за животната средина е индивидуална одговорност на секој од нас и воедно на институциите. Граѓаните заслужуваат да живеат во чиста и здрав животна околина. Институциите треба да си ја завршат својата работа. Македонски концепт има проект за справување со отпадот во Македонија и решение за моменталната ситуација.
“Проектот Јавни работи за земја без ѓубре, предвидува истовремено решавање на неколку сериозни проблеми. Како приоритетно проблемот со отпадот од чие решавање ќе произлезе можност за дополнителна заработка за граѓаните. Бенефитите од овој проект започнуваат од чистата животна средина а продолжуваат на намалување на сиромаштијата. Суштинско во нашиот проект е вклучувањето на граѓаните затоа што институциите потфрлија, системот не функционира и станавме земја на отпадот”, објасни Мицев
Поврзани содржини
Изборни подготовки и стратегија за настап на Македонски Концепт
Инспекциите на терен, медицински отпад фрлен во планинскиот предел помеѓу селата Ињево и Дедино
На четири локации во Струмица биле откриени нерегистрирани откупни пунктови за откуп на отпад
Потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш со контра прес: Тие оставија пустош во училиштата, градинките
Поднесени кривични пријави за неколку лица од Струмица, за нелегално тргување со отпад
Ристов: Ние имаме јасно дефинирана цел. Тоа е: развиен, напреден, добро уреден, и посакуван Радовиш
Избори 2020
Истече рокот за поднесување приговири до ДИК, Левица поднесе 1.982 приговори
Published
4 години agoна
јули 18, 2020By
Media PressПред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори. Како што објави партијата на Фејсбук, приговорите се поради изборни нерегуларности и за да си ги повратат тројцата пратеници.
„На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници!“, стои во објавата.
Избори 2020
Три дена по изборите ДИК објави нов закучок, поради како што велат исправка на техничка грешка
Published
4 години agoна
јули 18, 2020By
Media PressДИК го објави заклучокот со кој се врши исправка на технички грешки во заклучокот од 16.07.2020 година.
Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Во заклучокот стои дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564. Измена има и кај бројот на неупотребени гласачки ливчиња кој од завчерашните 869.889 се зголеми за 624 и сега изнесува 870.513.
Во четвртокот пак ДИК соопшти дека гласале 942.334 гласачи, или за 1.416 помалку од денеска објавеното, а од нив 31.466 биле неважечки.
Според направената исправка излегува дека бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 148.
Избори 2020
Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, влегуваат во групата од по десет пратеници во 4 ИЕ, кој се останатите од Југоистокот
Published
4 години agoна
јули 17, 2020By
Media PressНеофицијално излезноста на предвремените парламентарни избори конечно можат да се видат на веб-страницата на Државната изборна комисија. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 931.369 граѓани.
Неофицијално владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освоила најмногу гласови и 46 пратенички места. СДСМ освоила 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО- ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места.
Според резултатите кои вчера ги соопшти претседателтот на ДИК Оливер Деркоски, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат по десет пратенички места во четвртата изборна единица.
Од Југоистокот, ВМРО ДПМНЕ ги добива пратениците: Дајанчо Евтимов од Василево, Ели Панова од Струмица, Здравко Трајанов од Радовиш, Ангелина Петкова од Гевгелија и Јадранка Поцкова од Струмица.
Во превите десет на СДСМ, влегуваат: лидерот на партијата, Зоран Заев од Струмица, Марија Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица и Никола Чаракчиев од Радовиш.
Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во Македонија, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.