Радовиш
Православните христијани денеска го празнуват верскиот празник Св. Цар Константин и царица Елена
Објавено на
Од
Media PressЦарот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на Христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите.
Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на Христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.
Првите три века христијанството било жестоко прогонувано, но сепак бројот на неговите приврзаници постојано се зголемувал. Во четвртиот век за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан прогоните биле најжестоки. Биле уривани христијанските храмови, биле палени христијанските книги, а христијаните биле подложувани на најжестоки измачувања. Дури за време на Констанциј Флор, таткото на Константин, односот кон христијаните омекнал.
Константин е најстариот син на царот Констанциј Флор, и царицата Елена. Кога татко му умрел во Англија во 306 година како император на Западната римска империја, Константин го заменил на императорскиот престол.
Мајка му Елена, многу добра и побожна жена го советувала да не ги напаѓа Христијаните, туку да ги заштитува зашто тие се добри луѓе.
Мајка му Елена е заслужна за пронаоѓањето на светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Првите три века по Христа не се знаело каде се наоѓа крстот Христов.
Се претпоставувало дека е
закопан во близината на неговиот гроб, бидејќи според тогашните еврејски обичаи
крстовите биле закопувани во близината на гробовите. Царицата Елена наредила да
се копа околу гробот Христов, но таму нашле три крста, бидејќи во близината
биле и гробовите на двајцата разбојници што биле распнати во исто време. Тогаш
се појавил проблем, не можеле да дознаат кој од трите е Христовиот крст. Во тоа
време минувала погребна поворка и царицата Елена наредила мртовецот да се стави
на трите крстови. И се случило чудо, на еден од нив мртовецот оживел. Тоа било
знак дека тој е бараниот крст врз кој бил распнат Исус Христос. Кога за тоа
разбрале жителите на Ерусалим потрчале да го видат крстот. Но од големата
турканица што се создала не можеле да го видат, поради што владиката
ерусалимски Макарие, неколку пати го кревал и спуштал крстот вртејќи се на сите
четири страни. Потоа царицата изградила голема црква на местото каде што
бил распнат Исус и каде што подоцна во 326 година го пронашле крстот на кој бил
распнат.
Царицата Елена умрела на 18 август 327 година во 80-тата
година од животот. Според некои сведоштва умрела во Палестина, а по две години
моштите биле пренесени во Цариград и биле погребани во црквата на светите
Апостоли. Аџијата Антоније видел во 1200 година дека телата на Константин и на
Елена лежеле во еден гроб. За чудата што ги правеле моштите на Елена многу се
раскажувало на запад особено во Франција. Според други Елена умрела во 326
година, нејзиното тело било погребано во Виа Лавакана во Рим, а подоцна било
пренесено во Цариград.
Константин десет години ја надживеал својата мајка. Умрел во градот Никодимија на 22 мај 337 година, по 32 години царување, кога имал 65 години. Според личната желба неговото тело било погребано во специјално за таа прилика изграден гроб во црквата „Свети Апостоли” во Цариград.
Поврзани содржини

Денеска православните верници го славата Свети Антониј Велики

Денеска се празнува Свети Никола, семејна слава на многу домаќинства

МТСП со известување за неработен ден

Петок неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Општина Валандово го одбележа 6-ти ноември, денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор

11 октомври (среда), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

