Радовиш
Тестирани вработените во градинката Ацо Караманов во Радовиш, на Ковид-19
Published
4 години agoна
By
Media PressВработените од ДГ „Ацо Караманов“ во Радовиш денеска беа тестирани на Ковид -19, во рамките на скринингот во детските градинки. На околу 80 вработени од градинките од Радовиш и градинката во Конче денеска им беше земено бриз, за да се види дали има некој заболен од коронавирус.
Според направената анекта на градинката околу 100 родители се изјасниле дека им е потребна услуга од градинка веднаш. Според директорката Љупча Тренчева тие се подготвени за стартување со работа, но ги чекаат инструкциите од надлежното Министерство. Извршено чистење и дезинфекција сите простории а обезбедена е и заштитна опрема за вработените.
Во ДГ „Ацо Караманов“ во Радовиш престојуваат околу 650 дечиња.
Поврзани содржини
Расте бројот на Ковид- позитивни и во Радовиш, 13 нови случаи во денешната евиденција, во Струмица 47
Регистрирани сe 7.170 оздравени пациенти со што бројот на активни случаи се намали на 13.628
Радовиш досега со најголем број нови случаи на Ковид- 19 за два дена. Дали е резултат на празничното дружење?
24 нови случаи на Ковид -19 во општините во Југоистокот според последните податоци
Бројот на заболени од Ковид-19 во пораст, можни рестрикции за невакцинираните
254 нови случаи на ковид-19, починати се 16 лица
Радовиш
Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна
Published
2 дена agoна
април 17, 2024By
Media PressДолгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.
Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.
Радовиш
Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш
Published
4 дена agoна
април 15, 2024By
Media PressИзложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.
Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.
Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.
Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.
Радовиш
Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш
Published
5 дена agoна
април 14, 2024By
Media PressОпштинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.
Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.
Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.