Connect with us

Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија донесе Одлука за намалување на комуналните такси за фирмите

Media Press

Објавено на

Советот на Општина Гевгелија донесе Одлука за намалување на комуналните такси за називот на фирмата, како дел од Општинскиот пакет мерки за ублажување на последиците од Корона вирусот. Според донесената Одлука за утврдување на висината на комуналните такси во општина Гевгелија, комуналната такса за називот на фирма на деловни простории за физички лица кои вршат дејност е намалена од 2.000 денари на 1.300 денари, комуалната такса за називот на фирма на деловни простории на физичките лица кои вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ е намалена од 500 на 350 денари, комунална такса за називот на фирма на деловните простории на трговските друштва и други правни лица од областа на производството, прометот и услугите, од досегашните 6.000 денари е намалена на 4.000 денари.

             Исто така, Советот на Општина Гевгелијка одлучи таксата за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност да се намали од 7 на 5 денари од метар квадратен на ден. Намалените комунални такси ќе важат до крајот на годината бидејќи станува за еднократна даночна обврска.

             Одлуката беше донесена по иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, кој информираше дека мерките произлегле по целосната анализа на состојбата и можностите за ублажување на последиците од Корона вирусот. Притоа, тој нагласи дека значаен дел од гевгелиските стопански субјекти аплицираа за економските мерки што ги донесе Владата на Република Северна Македонија.

„ Најголемиот број од апликациите се одобрени, така што дел од мерките се реализирани или допрва ќе се реализираат. Притоа, Општина Гевгелија се стави на располагање на сите апликанти за да им помогне во реализацијата на аплицираните мерки“ вели градоначалникот Поцков.

       

Гевгелија

Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола

Media Press

Published

на

Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе

Гевгелија

МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници

Media Press

Published

на

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Прочитај повеќе

Гевгелија

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Media Press

Published

на

На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз. 

Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе