Македонија
5 нови случаи со заболени од Корона вирус, бројката се зголемува
Published
4 години agoна
By
Media PressМинистерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес конференција потврди дека пет нови пациенти заболени со коронавирус во државата и двајца кои биле позитивни на вирусот тестирани во приватна лабораторија на Жан Митрев, а на кои повторно ќе се им се направи проверка на Институтот за јавно здравје. Во болницата во Дебар веќе се лекуваат четворица со коронавирус. Со тоа бројот на заболени се зголеми на 24 и уште двајцата кои треба да се потврдат во државна лабораторија.
На последната седница на Владата бешее донесена одлука да се затворат сите гранични премини освен за товарни возила, претставници на дипломатскиот кор и други лица со посебна дозвола. Се затвора и Аеродромот во Скопје, освен за државни, воено-медицински и празни летови по истекот на 48 часа од влегувањето на сила на оваа одлука.
„Сите заболени пациенти се со лесна до средна клиничка слика, а некои само на маска за кислород за да се олесни дишењето на пациентот, освен на една повозрасна пацинтка од Дебар, која е приклучена на респираторна машина. Заболените во Дебар се со лесна клиничка слика, таму лекарите се грижат за нив и не известуваат“, рече Филипче.
Поврзани содржини
Потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш со контра прес: Тие оставија пустош во училиштата, градинките
Ристов: Ние имаме јасно дефинирана цел. Тоа е: развиен, напреден, добро уреден, и посакуван Радовиш
Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле по заразување со коронавирусот
Чаракчиев: И покрај пандемијата со Ковид – 19, Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството
Растат бројките и во Југоистокот, за два дена 167 нови случаи и 13 починати лица од корона вирусот
43 нови случаи на ковид 19 во Југоисточниот регион во последните 24 часа, најголем број во Гевгелија
Македонија
ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ
Published
2 дена agoна
мај 17, 2024By
Media PressПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ.
Се прашуваат зошто бараме враќање на трошоците за превоз до и од работното место.
Пратениците наплатиле 1.124.915 евра за патни трошоци од август 2020 година до декември 2023 година, или во 2022 година за патни трошоци наплатиле 426.360 €, а во 2023 година 366.740 €.
Работниците трошат до 20 % од својата плата за да дојдат на своето работно место и да се вратат дома“, стои во реацијата на ССМ.
Македонија
Левица: 366 ИЛЈАДИ ЕВРА за патни торшоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар
Published
2 дена agoна
мај 17, 2024By
Media Press„Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“, соопштиваат од Левица од каде додаваат дека наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци.
,,На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица – патните трошоци да бидат укинати”, изјави пратеникот Борислав Крмов за ТВ Стар.
„За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. Овој предлог – закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС“ велат од Левица.
Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци.
Македонија
Во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери“ на 23 мај во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини
Published
2 дена agoна
мај 17, 2024By
Media PressВо рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 23 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина . Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“.
Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов (Бугарија), сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.
Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска Илкова, водечки драмски оперски сопран со совршена вокална динамичност и беспрекорна интонација. Остварила безброј оперски и концертни настапи, добитничка е на највисоките државни награди и признанија, во улогата на сликарот Каварадоси ќе настапи, тенорот Никола Китановски, еден од најафирмираните оперски уметници од просторот на поранешна Југославија, кој со огромен успех, веќе триесет и пет години остварува меѓународна професионална уметничка кариера, во улогата на „злобниот Скарпија“ ќе настапи гостинот од Романија, Лусијан Петреан,во улогата на Анџелоти ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски, чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и балет.