Connect with us

Македонија

Николоски: Првите електрични еколошки автобуси ќе пристигнат јануари следната година

Media Press

Објавено на

Првите електрични еколошки автобуси ќе пристигнат јануари следната година. Набавката е успешна и очекуваме со автобусите да влијаеме врз намалување на аерозагадувањето во Скопје и другите општини. Имаше обиди за манипулација за оваа јавна набавка, но споредбите се различни и несоодејствуваат со истиот тип автобуси, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во ТВ интервју на ТВ Канал 5.

“ Набавката е за 150 автобуси. Нормално, интересот е најголем за Скопје, но не сакам да ги заборавиме и другите општини. Ќе добијат и други општини автобуси, оние кои што имаат организиран јавен градски превоз. Сега, да не ми замерат, ама ќе набројам неколку: Куманово ќе добие, Штип ќе добие, Сумица ќе добие, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Гостивар, Тетово. Ќе биде објавена листата. Градот Скопје побара 250 автобуси, општините побараа 89, така што ако видите пропорционално, општините надвор од Скопје се и во подобра позиција од градот Скопје, но толку беа можностите на буџетот во моментов. Согласно динамиката, првите автобуси треба да бидат испорачани за 6 месеци од потпишување на договорот, договорот се потпиша во почеток на септември месец, но имаме ветување од добитникот на јавната набавка дека веќе во јануари ќе ги видиме првите автобуси во Скопје” истакна Николоски.

На прашањето за забелешките за набавката од страна на граѓански организции, вицепремиерот Николоски одговори дека споредбите се обид за манипулација и не соодејствуваат со видот на автобусите. 

“Не мислам дека се тенденциозни, но еве, би рекол дека има многу погрешни работи во извештајот, да речам дека се од незнаење и од невнимавање. Прво, се прави споредба на електрични автобуси со автобуси на компресиран гас, целосно различен систем на работа се. Јас, како што сум систематичен, решив, еве и јас да направам мое истражување: седечки места на тие автобуси кои што се споменати имаат за три помалку од автобусите кои што ги купуваме. Тие имаат 29, овие имаат 32. Јасно беше дека има тенденција во тоа што е напишано. На крајот на денот се работи за стандардни 12-метарски автобуси и овие на компресиран гас и овие електричните. Или не направија спроредба со Загреб. Загреб за слична сума како во Македонија купи  само 62 електрични автобуси ” -рече Николоски. 

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе