Connect with us

Македонија

Предлогот минималната плата да се зголеми на 600 евра од март не доби поддршка од пратениците од власта. Пратеникот од ЗНАМ, Миле Цеков, даде поддршка

Media Press

Објавено на

Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март не доби поддршка од пратениците од власта. Предлогот вчера беше на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.

Од опозицијата обвинија дека власта го одбила и предлогот за јавна расправа и разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.

Пратеникот од Струмица од редовите на ЗНАМ Миле Цеков, рече дека ќе го поддржи овој предлог закон за зголемување на минималната плата, притоа изнесувајќи неколку аргументи. 

„Целосно сум свесен во каква состојба се наоѓаат граѓаните што примаат минимална плата, затоа верувам сите ке се согласиме дека тие не се ставка во табела туку реалност за луѓе кои секој ден стануваат рано, работат чесно и се борат за подобро утре за себе и за своите семејства.

Минималната плата не е само економска категорија всушност таа претставува оценка за тоа колку го цениме трудот на работникот, па со оглед на тоа некогаш политиката мора да биде повеќе од формула и пресметка, НО и некогаш треба да носиме одлуки што ќе мотивираат, што ќе го вратат чувството на сигурност и достоинство кај работникот.

Ќе ги наведам аргументите и причините поради кои сметам дека треба да се отвори поголема дебата но и конструктивно да ги спротивставиме аргументите во однос на тоа дали минималната плата треба да се зголеми согласно законското решение или треба да размислиме кон друго решение

Аргумент 1 – регионалната споредба.

Според најновите податоци нашата минимална плата денес е најниска во регионот, иако продуктивноста по работен час ( 34 долари ) е можеби една од највисоките. Па пример во Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора имаат повисок минималец од Македонија, а помала продуктивност по работен час во однос на нашиот работник.

Оттука се поставува прашањето е: зошто да бидеме земја со најевтина работна сила на Балканот? Никој не бара невозможни стандарди, но барем да бидеме во рамките на регионалниот просек,а истовремено да не испраќаме порака дека трудот кај нас вреди помалку отколку во соседството.

Аргумент 2 – Просечната инфлација и реалната инфлација

Официјалната инфлација на годишно ниво е 4.1 процент, меѓутоа за граѓаните со најниски примања, реалната инфлација е повисока

Зошто?

Затоа што нивната потрошувачка е концентрирана на основните животни намирници – храна, месо, јајца, овошје, зеленчук, греење. А токму во тие категории растот на цените е значително повисок и инфлацијата е многу поголема . Кога на некој можеби цела плата му оди за храна и енергија, тогаш и мал пораст на тие цени значи сериозен удар врз неговиот буџет.

Затоа велам: просекот можеби покажува 4.1 проценти, но за работникот што живее од минимална плата, чувството е многу поголемо. Всушност , ако државата има обврска кон некого, тогаш тоа се токму оние што најмногу ја чувствуваат инфлацијата и во оваа смисла зголемувањето на минималната плата не е луксуз, туку заштита на куповната моќ.

Аргумент 3 Формализација на економијата

Сите знаеме дека во нашата економија постои значителен степен на неформалност, односно сива економија.

Голем број работници се пријавени на минимална плата, а остатокот од примањата се исплаќа „на рака“. Имајки го во предвид овој факт најмногу губи државата губи пензискиот фонд губи и здравствениот систем.

Но губи и самиот работник – затоа што неговата иднина, неговата пензија, се темели на минималецот, а не на реалната заработка.

Тоа не е одржливо ниту за работникот, ниту за државата.

Затоа сметам дека треба да се размисли кон рационален пристап –

Фазно односно временско субвенционирање на разликата во придонесите од зголемувањето.

Со тоа

– ќе го намалиме шокот врз микро, малите и средните компании,

– ќе поттикнеме излегување од сивата економија,

– и ќе создадеме систем во кој платата што се заработува ќе биде и официјално пријавена.

На почетокот реков дека ние одлучуваме каква држава сакаме да бидеме. Јас верувам во држава што го вреднува трудот што штити кога е најтешко и што гради иднина врз достоинство а не врз евтина работна сила.

Затоа ќе го поддржам овој предлог закон за зголемување на минималната плата

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе