Connect with us

Радовиш

Во Радовиш одржана завршна презентација на проектот „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“, имплементиран преку Програмата „ЕУ за општините“

Media Press

Објавено на

Денеска во Радовиш се одржа завршната презентација на проектот „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“, имплементиран преку Програмата „ЕУ за општините“, на која беа презентирани резултатите, активностите и постигнатите цели во рамки на проектот.

Проектот е финансиран од Европската Унија, со кофинансирање обезбедено од Министерството за локална самоуправа и Општина Радовиш.

Вкупен буџет: 1.143.456 евра.

Заменети се старите системи за затоплување во четири јавни објекти (основно училиште, градинка, средно училиште и општинската зграда) со енергетски ефикасни топлински пумпи, поврзани со фотоволтаични панели.

Проектот е насочен кон зголемување на енергетската ефикасност и поттикнување на користењето на обновливи извори на енергија, со цел да се намалат емисиите на штетни гасови и да се придонесе кон заштита на животната средина.

Со реализацијата на овој проект, Општина Радовиш уште еднаш ја потврдува својата заложба за одржлив развој, енергетска независност и подобрување на квалитетот на живот на своите граѓани.

Во присуство на Министерот за локална самоуправа Златко Перински како и Аlexandru Albu претставник на Европската унија во Македонија денеска заедно со домаќините беше одржан завршниот настан од проект „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“

Настанот започна  посета на топлински пумпи во дворот на СОУ „Коста Сусинов“, потоа во Ресторан Леона Лукс конференцијата ја отвори модератор, а поздравни говори имаа: Ацо Ристов – поранешен Градоначалник на општина Радовиш, актуелниот градоначалник Љупче Почивалец, Аlexandru Albu како претставник на Европската унија во Македонија и Златко Перински – Министер за локална самоуправа.

Проектот беше презентиран од презентери и проектен модератор Лазар Газепов и Теа Тевева од ЦЕПРОСАРД со што беше промовиран и видео спот – кратко видео од почетокот до крајот на овој реализиран проект.

Радовиш

Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш

Media Press

Published

на

Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.

На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од  употребата на индустриски градежни материјали  при  реставрација и реконструкција   на спомениците на култура. 

Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан. 

Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства  меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување  и афирмација на традиционалните градителски системи. 

ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“

Media Press

Published

на

Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе  обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство. 

Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.

На трибината се очекува учество на  имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот  македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.

Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.

Традицијата и културното наследство како темел и иднина. 

Учесници 

– арх. Никола Кипровски – Белгија 

Архитектура и некои природни материјали 

– проф, др. Минас Бакалчев 

Хроника на една школа:

Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017 

– проф. др. Донка Барџиева Трајковска 

Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви 

– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка  ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.

Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.

 Наставен тим:    проф. Виолета Бакалчев,

                               доц.  Бранислава Ѓорѓевиќ

                               доц.  Нина Карангелеска.

– арх. Викторија Митева

Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет

– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович 

–  СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР  – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје 

    арх. Ивана Цимешиќ

 –  Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра. 

–   маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ  Македонија 

    Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф. 

ПРАКТИЧНА НАСТАВА 

– Васила Трајковски – зограф и конзерватор  – средновековни градителски системи 

– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија –  сводови, куполи и арки 

 – Дејан Спасович скулптор и градител  – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен 

Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев 

Прочитај повеќе

Радовиш

Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија

Media Press

Published

на

На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.

При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе