Connect with us

Радовиш

Започна сезоната за садење на тутун од новата реколта 2025

Media Press

Објавено на

Започна сезоната за садење на тутун од новата реколта 2025 во општините Радовиш и Конче. Почетокот на новата реколта ја најави и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов.

„Денес официјално нашите земјоделци од Општина КОНЧЕ започнаа со засадување на првите количини со тутун , нека е аирлија сезоната 2025 , нека донесе бериќет и благосостојба кај нашите вредни земјоделци, напиша градоначалникот Ристов на социјалните мрежи.

Од Сојузот на тутунските здруженија очекуваат годинашнава реколта да биде од 20 000 до 22 000 тони, а тутунот да се засади на околу 16 000 хектари.

Цените што ги понудиле откупувачите, по последните преговори со Сојузот,  се движат од 414 до 420 денари за прва, од 312 до 360 за втора и од 250 до 300 денари за трета класа. Сојузот побарал 510 за прва, 450 за втора и 390 за трета класа, но откупувачите не се согласиле на тоа, па останува да се преговара повторно пред започнувањето на откупот на тутунот.

Радовиш

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Media Press

Published

на

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков Мисирков, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, се одржа научна трибина посветена на неговиот живот, дело и визија.

Трибината беше организирана од библиотеката „Браќа Миладиновци“ , во соработка со Комисијата за култура, образование и спорт на општина Радовиш.

На темата „Мисирков и неговата визија за македонската иднина“ говореа проф. д-р Елка Јачева-Улчар и проф. Јовица Илиќ, кои преку своите излагања го доближија ликот и делото на Крсте Петков Мисирков пред присутните. Модератор на настанот беше Гордана Здравкоска која со професионален пристап, внесе јасност и динамика на настанот.

Преку внимателно осмислените воведувања, промислените прашања и умешното поврзување на излагањата, таа овозможи темата да биде осветлена од различни аспекти, а мислата на Мисирков да се согледа во нејзината историска, јазична и национална длабочина.

Оваа средба имаше и посебна историска симболика. Се одржа непосредно пред 18 ноември, денот на раѓањето на Мисирков во 1874 година, а во годината кога се навршуваат 100 години од неговата смрт (26 јули 1926 година).

Во топла и пријатна атмосфера, исполнета со почит кон македонското историско и културно наследство, трибината обедини гости, пријатели и колеги македонисти во заедничко чествување на личноста чии идеи оставиле длабока и трајна трага во македонската историја.

Прочитај повеќе

Радовиш

Кривична пријава за „фалсификување службена исправа“ против двајца полициски службеници од ОВР Радовиш

Media Press

Published

на

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против Б.Ч.(31) од село Конче, радовишко, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување службена исправа“ по член 361 и против Б.Б.(38) од Радовиш дека сторил кривично дело „соизвршителство“ по член 22, а во врска со „фалсификување службена исправа“ од Кривичниот законик.
На 13.10.2026, пријавените,  полициски службеници од ОВР Радовиш, изготвиле и приложиле службен извештај со невистинити податоци. Имено, по завршување на службената задача која им била доделена, подготвиле извештај во кој навеле период од смената во кој не постапувале по наредбата, а во делот за контролирани возила внеле податок дека имаат извршено контрола над седум возила. Таквиот извештај бил потпишан од одговорниот полициски службеник, првопријавниот Б.Ч.. Во прилог на писмениот извештај доставиле табеларен преглед во кој имале внесено податоци за контролирани возила со марка, регистарски ознаки и лице кое го управувало, а времето на контрола кај дел од возилата било во период за кој претходно сами писмено во извештајот навеле дека не постапувале по задачи од наредбата. Од дополнително преземените мерки и извршени разговори со лицата наведени како возачи е утврдено дека на тој датум не биле запрени и контролирани од полициски службеници. 

Прочитај повеќе

Радовиш

АХВ со вонредни контроли во месарниците – во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

Media Press

Published

на

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).

Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.

Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Прочитај повеќе