Радовиш
Општина Радовиш ќе дава субвенции по 8.000 денари на млади лица, за полагање на возачки испит, објавен е јавниот повик
Објавено на
Од
Media Press
Градоначалникот на општина Радовиш објавува ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на млади лица – жители на општина Радовиш, за полагање на возачки испит од Б категорија
За користење на финансиски средства од буџетот на Општина Радовиш за 2025 година, за добивање на субвенција на млади лица – жители на општина Радовиш, за полагање на возачки испит од Б категорија, согласно Програмата за Локален Економски Развој, на Општина Радовиш за 2025 година.
Содржина на јавниот повик
Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година ќе се доделуваат на корисниците, баратели кои се редовни/вонредни ученици во III или IV година во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш или се невработени млади лица до 26 годишна возраст.
На барателот/физичкото лице што ги исполнува критериумите на овој јавен повик ќе му се надоместат дел од трошоците направени за полагањето на возачки испит при стекнување на возачка дозвола од Б категорија во висина од 8.000,00 денари. Средствата по барањето ќе се исплатат по доставување на доказ за положен возачки испит – добиена возачка дозвола од Б категорија до комисијата во Општина Радовиш. Доколку барателот не го положи возачкиот испит во тековната година по поднесеното барање најдоцна до 1 Декември и не поднесе доказ за положен возачки испит најдоцна до 1 Декември во тековната година, го губи правото на субвенционирање и предвидените средства нема да му бидат исплатени.
Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.
Право на поднесување на барање
Право на користење на финансиски средства имаат физичките лица редовни/вонредни ученици во III или IV година во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш и/или невработени млади лица до 26 годишна возраст кои ќе поднесат барање со потребната документација од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот.
Критериуми за физичките лица кои ќе поднесат барање на овој повик се:
- Да се жители на Општина Радовиш со постојано престојувалиште во Општина Радовиш;
- Да се редовни редовни/вонредни ученици во III или IV година во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш или да се невработени млади лица до 26 годишна возраст.;
Потребна документација:
- Барање за субвенција (барањето со изјавата може да се подигнат во архивата на општина Радовиш или на веб страната на Општина Радовиш);
- Фотокопија од важечка лична карта на барателот или на еден од родителите, како доказ дека е жител на Општина Радовиш;
- Фотокопија од трансакциска сметка на барателот или еден од родителите;
- Потврда од автошкола, за упис на кандидат за возач на возило;
- Потврда издадена од Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Отсек за управни работи, издадена врз основа на евиденција за живеалиште, престојувалиште и лични карти дека барателот / родителите имаат пријавено адреса на живеење на територија на Општина Радовиш и дека истите немаат пријавено престој надвор од Р.С.Македонија;
- Потврда за редовен/вонреден ученик од I до III или IV година, издадена од СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш или Потврда за невработеност од АВРМ Радовиш.
- Изјава за користење на лични податоци;
Поднесување на барањето:
Барањето со пропратната документација треба да биде доставено во затворен плик.
Рокот за поднесување на пријавите е 30 дена од објавувањето на јавниот повик сметано од 16.04.2025 година а заклучно до 15.05.2025 година, секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично до архива на адреса:
Општина Радовиш
Бул.„Александар Македонски“ Бр.7, Радовиш
На пликот во горниот лев агол треба да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за полагање на возачки испит Б категорија.“
Поврзани содржини

Општина Струмица објави Јавен повик до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата „Општинско – корисна работа“

Јавен повик за доставување на предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2026

МЗШВ: Исплатени се над 260 милиони денари на над 1.600 корисници за мерки од растително и сточарско производство

Јавен повик за субвенционирање на физички лица – жители на Општина Радовиш за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед

Општина Василево објавува Јавен повик за невработени лица

Земјоделците да се пријават за субвенции за пченица и јачмен, градинарски производи и овошје, продадени кај регистриран преработувачки откупувач
Радовиш
Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.
На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од употребата на индустриски градежни материјали при реставрација и реконструкција на спомениците на култура.
Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан.
Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување и афирмација на традиционалните градителски системи.
ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.
Радовиш
Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство.
Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.
На трибината се очекува учество на имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.
Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.
Традицијата и културното наследство како темел и иднина.
Учесници
– арх. Никола Кипровски – Белгија
Архитектура и некои природни материјали
– проф, др. Минас Бакалчев
Хроника на една школа:
Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017
– проф. др. Донка Барџиева Трајковска
Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви
– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.
Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.
Наставен тим: проф. Виолета Бакалчев,
доц. Бранислава Ѓорѓевиќ
доц. Нина Карангелеска.
– арх. Викторија Митева
Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет
– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович
– СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје
арх. Ивана Цимешиќ
– Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра.
– маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ Македонија
Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА
– Васила Трајковски – зограф и конзерватор – средновековни градителски системи
– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија – сводови, куполи и арки
– Дејан Спасович скулптор и градител – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен
Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев
Радовиш
Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија
Published
2 месеци agoна
септември 11, 2026By
Media Press
На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.
При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



