Connect with us

Струмица

Со симболичното предавање на клучот од градот на карневалистите започнаа карневалски празнувања во Струмица

Media Press

Објавено на

Со симболичното предавање на клучот од градот на карневалистите од страна на градоначалникот Костадин Костадинов започнуваат осумдневните карневалски празнувања во Струмица.

По тој повод вчера се одржа прес конференција на којашто за значењето на карневалот и овогодишната програма и учесни зборуваа градоначалникот Костадинов и претседателот на Организациониот одбор на карневалот, Александар Цицимов.

„Денеска е големиот ден кога влегуваме во карневалско расположение, а за кое прво сакам да истакнам благодарност до Советот на општина Струмица за целосната поддршка и за зеленото светло коешто го дава за буџетот на програмите за културата, а во конкретниот случај за карневалот, и секако на Карневалскиот одбор и би рекол вечниот претседател Александар Цицимов. Јас посакувам како и секоја година така и оваа да биде полна со луѓе. Струмичките угостителски објекти и компании и граѓаните пред се да се покажат како добри домаќини и повикувам да уживаме во прекрасните настани поврзани со струмичкиот карневал и денеска во 18 часот ќе го предадеме клучот односно власта од моја страна како градоначалник во рацете на карневалистите. Нека ни е вечен струмичкиот карневал, да знаеме што значи таа традиција, којашто не е само локален идентитет, туку и национален идентитет и овде е поддршката на општина Струмица преку Советот од 3 милиони денари со тенденција таа да продолжува и сакам да се заблагодарам за да не биде дека само критикувам, и на Министерството за култура за поддршката, тоа е начинот како треба да функционираме. Нека ни е со среќа струмичкиот карневал, рече градоначалникот Костадинов.

Инаку, сите сместувачки капацитети во Струмица се исполнети и во тој контекст градоначалникот Костадинов испрати порака до градежните компании и инвеститорите за инвестиции во хотелското сместување бидејќи на Советот е донесена одлука за промена на планот за градешно земјиште со којашто комуналиите за хотелско сместување се намалени.

Според претседателот на Организациониот одбор на карневалот Александар Цицимов, годинава заради совпаѓањето на одржувањето на други карневали со Струмичкиот, намален е бројот на карневалските групи од странство, но и покрај тоа има учесници од повеќе земји и други градови од државата.

Имаме гости од Хрватска, Црна Гора, Србија и Бугарија. Ќе имаме вкупно 35 групи и со тоа на некој начин ја означуваме симболиката 35 години од обновената организирана форма на Струмичкиот карневал. Од нив 11 се од странство, 18 се од Струмица и шест од други градови во државата, информираше Цицимов.

Тој најави дека Здружението на угостители од Струмица за годинашново издание на Карневалот, имаат намера на Чист Понеделник да го срушат светскиот рекорд во делење порци со бел грав.

Струмица

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

Media Press

Published

на

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА

Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.

Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20. Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.

Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија.

Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.

Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.

Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.

Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Media Press

Published

на

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година!

На денешната 18-та седница на Советот на Општина Струмица е усвоен Планот на програмите за развој за 2027 година, со кој се поставува основата за реализација на капиталните инвестиции во наредната година.

Усвоени беа и ребалансот на буџетот за 2026 година, извештајот за неговото извршување за третиот квартал, како и измените и дополнувањата на општинските програми.

Одговарајќи на советничките прашања, градоначалникот Петар Јанков ги образложи тековните и планираните проекти, финансиското работење и предизвиците со кои се соочува општината.

Општината постепено ја стабилизира финансиската состојба и создава услови за поинтензивна реализација на планираните активности.

На седницата се донесе и одлуки за унапредување на комуналните услуги, работењето на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање и поддршка на граѓани на кои им е потребна парична помош.

,,Продолжуваме со одговорно управување, реално планирање и конкретни чекори за развој на Струмица“ – истакна градоначалникот Петар Јанков.

Прочитај повеќе

Струмица

Ново мултифункционално игралиште во Куклиш

Media Press

Published

на

НОВО ИГРАЛИШТЕ ЗА СПОРТОТ ВО КУКЛИШ: Завршена подлогата и поставени кошевите на новото мултифункционално игралиште

Љубителите на спортот и рекреацијата од населеното место Куклиш добиваат современо уреден спортски простор. Активностите за целосно уредување и модернизација на мултифункционалното спортско игралиште во ова населено место се во забрзана реализација, соопштија од Општина Струмица.

Според досегашните изведувачки работи, подлогата на игралиштето е успешно завршена, а веќе се монтирани и кошевите, со што проектот добива видлива завршна форма.

Проектот е замислен како мултифункционален спортски терен кој ќе овозможи практикување на повеќе спортови, со што ќе се создадат оптимални услови за спортски активности на младите, децата и сите рекреативци од Куклиш.

Оваа значајна инвестиција се реализира преку меѓусебна соработка и партнерство меѓу Општина Струмица и „Видеолотарија Касинос Австрија“. Овој заеднички потфат е дел од пошироката стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и рамномерен развој на условите за спорт и рекреација во сите населени места низ општината.

Прочитај повеќе