Connect with us

Конче

СООПШТЕНИЕ до сите Верници во Општина Конче, по повод празникот Богојавление – Водици

Media Press

Објавено на

“По повод празникот ,,БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ,, во оваа ново лето Господово по трет пат во Општина Конче се организира на централно ниво положување (фрлање) на чесниот Крст во водите на реката Лакавица.

Фрлањето на Чесниот Крст Господов ќе биде во 12 часот на 19.01.2025год. ден Недела“, соопштиваат од Општина Конче.

Право на учество имаат сите заинтересирани од населените места во општина Конче и тоа:Конче, Лубница, Габревци, Дедино, Ракитец, Долни Липовиќ, Горни Липовиќ.

Пријавените за учество имаат обврска да пополнат изјава за доброволно учество, а за учесниците под 18 години мора да има изјава и родителска согласност.

За сите кои ќе влезат во водата по чесниот крст има обезбеден скромен поклон, за оној кој ќе го извади чесниот крст од водата следува голема награда.

Сите заинтересирани да се пријават кај следните лица:

Долни и Горни Липовиќ- Васе 070 908 118

Ракитец -Спасо 070 844 053

Лубница и Конче-Ване/Џовани 071 848 490

Дедино- Љубица 071 501 513

Габревци -Ване 072 577 182

Покровител на организацијата е Општина Конче, Градодачалникот на Општина Конче, Советот на Општина Конче.

Бог се Јави, честит и вековит празникот и празнувањето.

Конче

Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка

Media Press

Published

на

На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка.

На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации

Media Press

Published

на

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации, на барање на граѓаните за одбор и рекреација.

„Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче“, истакна градоначалникот Златко Ристов.

Ристов вели дека овие летниковци се градат на барање на граѓаните, за да имаат каде да одморат во топлите летни денови. Општина Конче како што вели градоначалникот продолжува со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на своите граѓани и посетители.

Прочитај повеќе

Конче

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

Media Press

Published

на

На 15.08.2026 во 20:00 часот во село Горни Липовиќ, општина Конче,  полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(50) од село Горни Липовиќ.

Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во атар на село Горни Липовиќ држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција, кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По целосно документирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе