Connect with us

Македонија

Од 1 март дополнителни 7 000 денари за сите припадници на Армијата

Media Press

Објавено на

Министерската за одбрана, Радмила Шекеринска денеска заедно со британскиот бригаден генерал, Хју Лојд Џонс ги посетија припадниците на Армијата во Касарната „Јане Сандански“ во Штип. Во изјава за медиумите таа рече дека штипската Касарна е место за добри вести.

„Тука бев кога за прв пат најавивме подобрување на условите за работа и покачување на платите на припадниците на Армијата пред две години. После две вакви покачувања, денеска во Штип можам да потврдам на сите припадници на Армијата дека од крајот на овој месец, платите на сите цивилни лица во Армијата ќе бидат дополнително зголемени за 10%, а дека со почеток од март, сите припадници на Армијата, оние коишто имаат над три годишни договори, ќе добиваат месечни надоместоци за станарина во износ од 7 000 денари секој месец. Тоа значи дека ако пред две и пол години, платата на одреден професионален војник изнесувала 20 000 денари , тогаш заедно со овие покачувања, заедно со станарината, тој или таа сега секој месец ќе добиваат над 30 000 денари, што значи дека токму за оние коишто имаат најниски примања во Армијата, зголемувањето на месечните приливи ќе биде над 50%“, рече Шекеринска.

Шекеринска додаде дека на овој начин се зголемува мотивираноста и желбата на припадниците да продолжат тука да работат, но и се подобруваат условите со што се покажува дека нашата Армија е подготвена да биде Армија на НАТО.

„Во кампањите коишто ги водевме изминативе години, велевме „Ние сме НАТО“. Оваа година навистина ќе станеме членка на оваа најголема Алијанса. Меѓутоа членството значи и повисоки стандарди и повисока професионалност и повисоко знаење. И затоа ми е навистина задоволство што токму во Штип ќе биде лоциран нашиот главен НАТО ресурс, лесната пешадиска борбена група која што ќе ги има и повисоките стандарди на обука и повисоките стандарди во дел на опремата. На крајот на минатата година успеавме да го потпишеме првиот договор со кој обезбедивме оклопни возила токму за оваа група. Меѓутоа, опремата е еден дел од процесот. Најважниот дел во нашиот процес се луѓето. Покажавме дека ни се важни со зголемување на нивните приходи, но сега денеска овде во Штип и во Криволак, покажуваме дека ни е важно пред се нивното знаење и сакам да ја изразам мојата благодарност до Обединетото Кралство кое што во овој момент е фокусирано токму на обука на луѓето кои што ќе бидат окосницата на оваа борбена група, додава министерката Шеќеринска.

Обуката ја изведува тим за обука од Вториот баталјон на полкот на Војводата од Ланкастер. Дел од обуката беше презентирана пред министерката Шекеринска и бригадниот генерал Џонс. Во моментов на полигонот „Криволак“ се врши лесна пешадиска и лидерска обука за 30 потенцијални подофицери од првата пешадиска чета.  

Целта на обуката е создавање на врвна обучена единица која ќе биде интероперабилна со НАТО тактиките и процедурите за изведување на здружени, комбинирани операции.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе