Македонија
Шекеринска: Учеството на Северна Македонија во КФОР е придонес кон напорите на НАТО за стабилизирање на регионот
Објавено на
Од
Media Press
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денес имаше средба со командантот на КФОР, генерал-мајор Франко Федеричи. На средбата стана збор за нашето учество во мисијата КФОР, безбедноста и стабилноста во регионот како и за мерките што се преземаат за справување со ковид.
Министерката Шекеринска му честиташе на командантот на КФОР на мандатот и ја истакна својата увереност дека безбедносната соработка во регионот ќе продолжи и понатаму во интерес на мирот на граѓаните од земјите кои се дел од него.
Од страна на Федеричи беше изразена благодарност за учеството на наши армиски припадници во мисијата КФОР и беа искажани пофалби за нивните знаења и вештини кои ги покажуваат при извршувањето на задачите. Команданотот Федеричи рече дека КФОР има отворени врати за зголемување на нашето учество во мисијата и го изрази своето задоволство од улогата што Северна Македонија како членка на НАТО ја извршува во функција на мирот и стабилноста во регионот.
Двајцата соговорници се согласија дека мирот и стабилноста во регионот се во интерес на сите земји и дека учеството на нашата земја во мисијата КФОР е значаен придонес во напорите на Алијансата за негово конечно стабилизирање.
Република Северна Македонија, како 30-та земја членка на НАТО, за првпат започна со директно учество во мисијата КФОР во Косово од ноември оваа година, кога првата ротација составена од 44 припадници на Армијата, штабни офицери и вод за обезбедување, отпочна со извршување на задачи во главната команда на мисијата и во регионалната команда на КФОР-„Запад“.
Поврзани содржини

Шекеринска: Буџетот за одбраната за 2021 продолжува да расте

Филипче: Епидемијата го достигна пикот пред една недела, од тогаш бројките се стабилизирани

Брзата помош доби пет возила на користење од Армијата

СДСМ: Македонските граѓани ќе добијат стабилна, ефикасна и одговорна Влада, подготвена да води напред

Шекеринска: Гордост и задоволство е што денес стојам пред Армија на земја членка на НАТО

Од 1 март дополнителни 7 000 денари за сите припадници на Армијата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

