Connect with us

Политика

СДСМ: Македонските граѓани ќе добијат стабилна, ефикасна и одговорна Влада, подготвена да води напред

Avatar

Published

на

Македонските граѓани ќе добијат стабилна, ефикасна и одговорна Влада која ќе гарантира континуитет во спроведувањето на заедничките стратешки приоритети како членство во НАТО и Европската унија, добри меѓусоседски и меѓуетнички односи, внатрешна кохезија, справување со светската пандемија на коронавирусот и нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст, одржлив развој, модерно образование, ефикасна правна држава и силни институции.

Мандаторот Зоран Заев достави предлог за Влада која е подготвена да сработи во полн четиригодишен мандат, составен од 19 министри и министерки, кои сите заедно се обврзуваат дека ќе водат напред, ќе работат уште повеќе и подобро и заедно со граѓаните ќе ги удвојат напорите за секое населено место во земјата да стане подобра средина за живеење.

Програмата за работа на Владата во целост ја отсликува посветеноста на сите политички партии кои се дел од коалицијата за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелно прочистување на правосудството и проверка на потеклото на имот и пари на сите функционери.

Сите коалициони партнери се согласни посветено да продолжат на реализацијата на Договорите со Република Грција и Република Бугарија кои донесоа влез во НАТО и одлука за почеток на преговорите со ЕУ, како и на Охридскиот рамковен договор кој е темелот на заедничкото живеење во мир.

Имајќи го предвид периодот во кој се наоѓаме и состојбата со Ковид-19, новата Влада ќе се посвети на сериозни инвестиции во јавното здравство за да имаме уште повеќе подготвени капацитети и мотивиран кадар кои ќе се борат против коронавирусот.

Како еден од столбовите е и борбата против загадувањето и решавањето на овој децениски проблем преку суштински политики и инклузивен процес на мобилизација на сите расположливи капацитети.
Ова се принципите и вредностите од кои ќе се води новата Влада, кои ќе ги спроведуваат одговорни, професионални и отчетни кадри, со конкретна мисија и цели, кои ќе имаат задача да работат исклучително и исклучиво за граѓаните и исклучиво на европската трансформација на земјата.

Македонија

СДСМ на Конгрес ги објави носителите на кандидатските листи за пратеници, Венко Филипче ќе биде носител во четворката

Avatar

Published

на

СДСМ на овие избори ќе понуди луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, кои ќе работат на развојот на нашата држава и ќе го забрзаат влезот на Македонија во ЕУ“, вели претседателот на партијата Димитар Ковачевски, на одржаниот 28 Конгрес на СДСМ на кој ги презентира основните постулати на изборната програма.

„Сите наши залагања, целата наша работа и посветеност и тешкте одлуки што ги донесовме во изминатите седум години беа токму во насока на тоа, земјата што поскоро да стане членка на Европската Унија. Ние со конкретни дела покажавме дека за нас нема друга визија и друг пат освен европскиот“ рече Ковачевски.

Како дел од изборната програма на СДСМ е предвидено, зголемување на просечната плата во наредните четири години до 1.100 евра, а минималната плата 600 евра!

СДСМ на Конгресот ги објави и носителите на кандидатските листи за пратеници во 6-те изборни единици.

Носител на листата на СДСМ и коалицијата во првата изборна единица е претседателот Димитар Ковачевски, а како втора коносителка претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Во втората изборна единица носител е Оливер Спасовски, а коносител потпретседателот Фатмир Битиќи.

Во третата изборна единица носителка ќе биде заменик претседателката Сања Лукаревска и Љупчо Николовски како коносител.

Во четворката се Венко Филипче и Јована Тренчевска.

Во петката претседателот на Собранието Јован Митрески и потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска.

Во шестата изборна единица листата ја предводи претседавачката на ЦО Славјанка Петроска, а коносител ќе биде Агрон Демири.Ние со конкретни дела покажавме дека за нас нема друга визија и друг пат освен европскиот. На граѓаните им ветуваме надеж за подобра иднина и напорна работа секој ден. А со напорна работа, нема недостижна цел.

Прочитај повеќе

Македонија

Движење ЗНАМ-За наша Македонија ги утврди носителите на кандидатските листи за претстојните избори

Avatar

Published

на

 Органите на Политичката патија Движење ЗНАМ-За наша Македонија, вчера со акламација на седницата на Извршниот, а потоа и на седницата на Централниот одбор ги утврди носителите на листите во сите шест изборни единици за претстојните Парламентарни избори, рече на денешната прес конференција портпаролот на Движењето, Никола Мемов.

„За носители на листите се кандидирани луѓе кои се нови во политиката, стручни во областите во кои што работат, чесни, луѓе со карактер и вистински вредности, но и луѓе кои веќе имаат политичко искуство, со чист образ, потенцира тој. За носители на листите се утврдени следните кандидати:

– За носител на листата во ИЕ 6, магистер на правни науки, насока: Бизнис право г-дин Небојша Захариевски, Претседател на ОО Движење ЗНАМ-За наша Македонија – Тетово,

– За носител на листата во ИЕ5, г-ѓа Весна Бендевска, дипломиран психолог, УКИМ Скопје, поранешна пратеничка во Собранието на Република Македонија, поранешна претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Потпретседателка на Движењето ЗНАМ За наша Македонија.

 -За носител на листата во ИЕ 4, Миле Цеков, дипломиран економист на отсекот Меѓународна трговија, Претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и Претседател на ОО на Движењето ЗНАМ За наша Македонија-Струмица.

-За носител на листата во ИЕ3, доктор на историски науки г-дин Павле Арсоски, Генерал-мајор во пензија и Потпретседател на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.

-За носител на листата во ИЕ2, магистер по кривично процесно право г-дин Даниел Стојчевски, Директор на ЈП Чистота и зеленило Куманово и Претседател за ОО на Движењето ЗНАМ За наша Македонија-Куманово, и

 -За носител на листата во ИЕ 1, Доц. д-р Бобан Карапејовски, професор на катедрата за македонски јазик при Филолошки факултет Блаже Конески во Скопје и член на ИО на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.

Вчера 24-ти март, со почеток во 13,00 часот, во Спортско Рекреативниот Центар Кале во Скопје, Движењето ЗНАМ За наша Македонија одржа Конвенција, на која ги претстави носителите на листите за следните Парламентарни избори во сите шест изборни единици.

На Конвенцијта, се обрати и претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и кандидат за Претседател на Македонија на претстојните претседателски избори, Максим Димитиревски.

На прашањето Зошто генералниот секратар не е носител на некоја од изборните единици, портпаролот на партијата, Никола Мемов одговори: „Генералниот секретар и шеф на Централниот Изборен штаб на Движењето ЗНАМ –За наша Македонија, господин Горан Минчев беше предложен за носител на листата на Изборната Единица 2. На негово барање тој ќе биде на листата за пратеници во таа изборна единица, но на 20-то место. Преку личен пример генералниот секретар, Горан Минчев упатува порака дека ние од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се разликуваме од другите и дека личните интереси и борбата за јавни функции не се става на прво место. Нашите мотиви за општествен ангажман се од идеолошка природа, а не од лична“.

Прочитај повеќе

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја промовира Програмата „Платформа 1198″: Се потпира на 5 клучни столба и ги става граѓаните на прво место

Avatar

Published

на

Програмата „Платформа 1198″се потпира на 5 клучни столба и ги става граѓаните на прво место вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на промовирањето на Програмата за која ќе ја бараат поддршката од граѓаните на претстојните избори.

-Платформа 1198 затоа што содржи 1198 проекти со кои решаваме огромен број на проблеми кај граѓаните, затоа што за нас граѓаните се на прво место.  И тоа прво, активна и постојана борба за квалитетен животен стандард. Она што им е најпотребно на луѓето е всушност пристоен живот. Второ отворање на фронт против корупција. Трето институциите да работат според законите. Четвртиот столб е обезбедување на функционален систем за граѓаните. Петто, е заеднички патриотизам кој во суштината е патриотизам кој обединува. И шестиот столб е непоколебливо почитување на правата и слободите на луѓето, истакна Мицкоски.

„ВМРО – ДПМНЕ се обврзува на намалување на невработеноста до 7.5% и до 5% годишен раст на економијата.

ВМРО-ДПМНЕ проектира дека како идна влада ќе креира 55.000 нови работни места, со што невработеноста ќе се сведе на едноцифрена, т.е. на 7.5%. Тоа ќе се постигне со раст на економијата од 5% годишно.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе креира 10 годишна нова стратегија за привлекување на гринфилд и браунфилд инвестиции и ќе направи реформа во системот на поддршка на странските инвестиции и на извозот.

Економија ќе расте, продуктивноста ќе се зголемува, платите на граѓаните и благосостојбата ќе достигнат нови височини.

Во период од 4 години ќе се заложиме за намалување на буџетскиот дефицит и негово потиснување под 3% на годишно ниво.Време е да ја вратиме државата на народот“ стои во партоското соопштение.

Инаку носител на кандидатска листа за пратеници во ИЕ 4, која го покрива и Југоисточниот регион, е Александар Николовски.

Прочитај повеќе