Connect with us

Радовиш

Одржани 50 јубилејни КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ во Радовиш!

Media Press

Објавено на

Со богата културно уметничка програма викендот во Радовиш беа одржани јубилејните 50 „Караманови поетски средби“. Во присуство на повеќе поети, професори и други гости, во центарот за култура „Ацо Караманов“, истите свечено ги отвори  Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов кој е покровител на средбите.

Директорот на Струшките вечери на поезијата Тодорче Тасевски, кој беше гостин на Карамановите поетски средби, рече дека двата фестивала ги поврзува нешто заедничко, а тоа е што се посветени на поети кои рано починале и не се оствариле докрај, но имале среќа во нивна чест да се одржуваат фестивали на кои ќе се претставуваат и поети од светот.

Беседа за Ацо Караманов и фрагменти од неговата монодрама „Јас сакам да станам поет“ прочита Доне Донев – артист, публицист и поет.

На главната фестивалска вечер беа доделни и награди за наградните книги, како и  Специјална награда на поетесата Љубинка Донева за нејзинот поетски ракопис „Монолог на пирејот“ како вторпласиран ракопис на конкурсот за македонски автори.

Исто така беа доделни и награди за најуспешните млади литерати, кои се јавија по Конкурсот распишан од Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш.

Во рамките на фестивалот беа промовирани сите наградени книги, а беше емитуван и документарниот филм за Ацо Караманов од серијалот „Поети и револуционери“.

Фестивалот беше збогатен и со Изложба на дела од збирката со скулптури и избрани дела од 60 Ликовна колонија од НУЦК „Антон Панов“ од Струмица, а за музичкиоот дел се погрижи музичкиот состав „Дуо Либерта“ со популарното „Либер танго“ и со други класични композиции. Карамановите поетски средби се одржаа во организација на ЦК „Ацо Караманов“ а под покровителство на Општина Радовиш.

За жал забалажително беше малиот број на присуство од страна на граѓаните на Радовиш на оваа прекрасна поетска манифестација во чест на Ацо Краманов- поет и револуционерза почит.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе