Connect with us

Радовиш

Одржани КАРАМАНОВИТЕ ПОЕТСКИ СРЕДБИ -2024, доделена интернационалната награда „Ацо Караманов“

Media Press

Објавено на

 Одржани 51 Караманови поетски средби во Радовиш на кои беа доделни и наградите за најдобрите книги. Интернационалната награда за поезија„Ацо Караманов“ за 2024 е доделена на Олга Панкина од Русија, за книгата „Меѓусебна потрага“.

Наградата „Караманов“ за 2024 за најдобра книга од македонски автор ја доби Ирена Павлова Де Одорико, за поетскиот ракопис „Новоженство“. 51 -те Караманови средби свечено беа отворени во Петокот, во Музеј на љубовта и уметноста.

Специјална награда „Караманов“ 2024 за поетскиот ракопис „Пристоен предлог и други песни“ беше доделена на Тихомир Јанчовски.

Карамановите поетски средби се одржаа во организација на центарот за култура Ацо Караманов, а под покровителство на Општина Радовиш и во соработка со ОНБ Браќа Миладиновци.Истите ги отвори секретарот во Општина Радовиш Љупче Почивалец.

Свои настапи имаа поетите учесници и гости на 51 Караманови поетски средби заедно со роднокрајните автори од Радовиш. Беседа за Ацо Караманов, дневнични записи, читаа учениците Роман Јованов, Ана Ѓеоргиевска и Тамара Лазарова, од СОУ Коста Сусинов, Радовиш, со ментор Кате Диманова Јованова.

Крамановите средби продолжија и во Сабота 16 Ноември во ОНБ Браќа Миладиновци, Радовиш.Од страна на проф.д-р Даниела Андоновска-Трајковска промовирана беше: Наградената книга од странски автор, а тоа е книгата ,,Меѓусебната потрага” од руската поетеса Олга Панкина. Најдобрата книга од домашен автор под наслов ,,Новоженство” од поетесата Ирена Павлова Де Одорико, ја промовираше авторот Борче Панов.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе