Македонија
Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за состав на преодна Влада
Published
4 години agoна
By
Media PressПретседателот на државата Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Оливер Спасовски, за формирање на техничка влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори на 12 април.
Врз основа Уставот и предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство, за мандатор за состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници, го определувам Оливер Спасовски“, изјави претседателот Пендаровским .
Претходно, Собранието ја констатира оставката на Зоран Заев од функцијата премиер. Новата техничка влада се очекува да биде изгласана на собраниска седница денеска, најдоцна до полноќ, информираат од кабинетот на Претседателот.
По завршувањето на седницата во Собранието, за избор на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, претседателот Пендаровски во својот Кабинет – Вила Водно, ќе ги прими членовите на новиот состав на Владата.
Спасовски на чело на Министерството за внатрешни работи, во преодната влада ќе го замени Наќе Чулев, ексдиректор на Агенцијата за разузнавање, кој е предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Поврзани содржини
Пендаровски: Нема предавање, се уште ништо не е одлучено, конечниот победник ќе се знае на 8 мај
Пендаровски од Радовиш: Мицкоски и Силјановска да се договорат што ќе прават со Преспанскиот договор
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вчера беше со жителите на општините Чашка и Свети Николе, а синоќа во Велес
Пендаровски од Карпош: Точно за еден месец од денеска започнува мојот втор мандат
Мицкоски: На дебата со Пендаровски ќе одам кога ќе биде претседател на СДСМ
Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати било каде и под било какви услови, нека дојде и Мицкоски како осми шпицен кандидат
Македонија
ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ
Published
3 дена agoна
мај 17, 2024By
Media PressПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ.
Се прашуваат зошто бараме враќање на трошоците за превоз до и од работното место.
Пратениците наплатиле 1.124.915 евра за патни трошоци од август 2020 година до декември 2023 година, или во 2022 година за патни трошоци наплатиле 426.360 €, а во 2023 година 366.740 €.
Работниците трошат до 20 % од својата плата за да дојдат на своето работно место и да се вратат дома“, стои во реацијата на ССМ.
Македонија
Левица: 366 ИЛЈАДИ ЕВРА за патни торшоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар
Published
3 дена agoна
мај 17, 2024By
Media Press„Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“, соопштиваат од Левица од каде додаваат дека наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци.
,,На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица – патните трошоци да бидат укинати”, изјави пратеникот Борислав Крмов за ТВ Стар.
„За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. Овој предлог – закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС“ велат од Левица.
Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци.
Македонија
Во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери“ на 23 мај во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини
Published
3 дена agoна
мај 17, 2024By
Media PressВо рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 23 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина . Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“.
Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов (Бугарија), сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.
Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска Илкова, водечки драмски оперски сопран со совршена вокална динамичност и беспрекорна интонација. Остварила безброј оперски и концертни настапи, добитничка е на највисоките државни награди и признанија, во улогата на сликарот Каварадоси ќе настапи, тенорот Никола Китановски, еден од најафирмираните оперски уметници од просторот на поранешна Југославија, кој со огромен успех, веќе триесет и пет години остварува меѓународна професионална уметничка кариера, во улогата на „злобниот Скарпија“ ќе настапи гостинот од Романија, Лусијан Петреан,во улогата на Анџелоти ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски, чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и балет.