Connect with us

Радовиш

Новогодишни пакетчиња за корисниците од дневниот центар Порака од Радовиш

Media Press

Објавено на

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници и годинава корисницитете на Дневниот центар Порака од Радовиш не беа заборавени од Градоначалникот Герасим Конзулов и од заменик генералниот директор на рудникот Бучим Николајчо Николов. Денеска тие беа изненадени од посетата но и искрено се израдуваа на  новогодишните пакетчиња. Раководителот Татјана Костадинова  изрази благодарност од името на дневниот центар за укажаното внимание.

Општина Радовиш годинава ќе подари 200 новогодишни пакетчиња, дел  од нив и за дневниот центар Порака. Градоначалникот Конзулов денеска им ѓи додели новогодишните пакетчиња, со желби за многу здравје и среќа во новата 2020 година.

Рудникот Бучим во пресрет на новогодишните празницитрадиционално  обезбеди ноговодишни пакетчиња за корисниците од Порака кои денеска беа подарени.

Исто така Рудникот Бучим обезбеди дваесет новогодишни пакетчиња и за децата од  социјално загрозени семејства, кои денеска беа доставени до ОО на Црвен крст во Радовиш, кој ќе ги достави до семејствата.

Рудникот Бучим во пресрет на Новогодишните  и Божиќните празници обезбеди ноговодишни пакетчиња за дечињата од Детска градинка Ацо Караманов, за Дом за згрижување на деца без родители “Емануел”, за Здружение на турците за хуманитарни и културни активности КУДРЕТ ЈАШАМ ДЕРНЕЃИ, Радовиш,  како и за  вработените во Рудникот  Бучим.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе