Радовиш
Во предвечерието на 2 Август Илинден, положено свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Паркот на младите во Радовиш
Објавено на
Од
Media PressСо положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Паркот на младите во Радовиш, одбележан големиот национален празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

Со положување на свежо цвеке беа одбележани 119 години од почетокот на Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ.
Свежо цвеќе положија делегација на Општина Радовиш, делегација од Советот на Општина Радовиш, пратеникот во Собранието на Република Македонија од Радовиш Здравко Трајанов, делегација на сојузот на борците, делегација на Здружението на пензионери од Радовиш и Конче и делегации на ОК на ВМРО ДПМНЕ и делегација на ОО на СДСМ од Радовиш.
На 2 август 1944 година во Манстирот Прохор Пчински кај Куманово се одржа првото Антифашистичко собрание на НОБ на Македонија и на овој ден се удрени темелите на денешната држава Република Македонија.
Поврзани содржини

81 година од ослободувањето на Радовиш, положено свежо цвеќе на спомен обележјето во Паркот на младите

Во Радовиш одбележан Денот на победата над фашизмот и Денoт на Европа 9 Мај

Претседателот Пендаровски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“

На одбележувањето на Илинден, Заев од Пелинце, Мицкоски од Ташмаруниште испратија пораки

Претседателот Пендаровски на чествување на државниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Крушево

Денот на Републиката, 2-ри Август, Илинден, е неработен ден за сите граѓани
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



