Гевгелија
Советот одлучи, НЕ – за производството на палети од увозен отпад и истражување на металични минерални суровини
Објавено на
Од
Media Press
Советот на општина Гевгелија на одржаната седница даде негативно мислење по повторното брање од компанијата „П и П Индустриас“ДОО Скопје за складирање на RDF и производство на палети од RDF во општина Гевгелија.
Имено, општина Гевгелија во јуни годинава даде негативно мислење по истото барање, бидејќи во непосредно опкружување на наведената локација (поранешна фабрика „Керамика“) се наоѓаат капацитети во кои, главно, се произведуваат прехранбени производи.
На јавната
презентација на проектот организирана тогаш со учество на претпријатијата
лоцирани на улица „Индустриска“, невладините организации и претставници на
локалната самоуправа беше нагласено дека производството и складирање на палети
од RDF гориво ќе има штетно влијание на воспоставените индустриски процеси и
смата урбанизирана средина.
Меѓутоа, по четири месеци Министерството за животна средина на Република
Северна Македонија достави повторно барање до општина Гевгелија за мислење во
врска со дополнетото известување од италијанската фирма „П и П Индустрис“ со
седиште во Скопје за намера за спроведување на проектот „Складирање на RDF и
производство на палети од RDF во општина Гевгелија“. Овој пат во барањето како
алтернативни локации повторно ја наведува локацијата и закупениот погон на
поранешната фабрика „Керамика“ и општина Гевгелија.
Претставниците на „П и П Индустриас“ ДОО Скопје на денешната седница на Советот
на општина Гевгелија пред советниците и претставниците на невладините
организации го презентираа проектот и причините зошто се определиле за оваа
локација.
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо
Поцков на седницата информираше дека, по јавната презентација во јуни, доставил
негативно мислење за поднесено барање, но, по неговото повторно доставување
оценил дека добро е за истото да се произнесе и Советот на општина Гевгелија.
Советот на општина Гевгелија едногласно даде негативно мислење на барањето на
италијанската фирма за производство на палети од RDF гориво, кое ќе се увезува
од Италија, ќе се складира и произведува во Гевгелија, а палетите ќе се
извезуваат во Италија.
Исто така, Советот на општина Гевгелија едногласно одлучи да даде негативно мислење и за
повтореното барање за мислење, доставено од Министерството за економија, од
компанијата „Минералс резервоарс“ од Канада за доделување на концесија за
детални геолошки истражувања на металични минерални суровини на локалитетот
„Матушница-Исток“, кое се наоѓа на териториите на општините Гевгелија и
Кавадарци.
Имено, Советот на
општина Гевгелија во декември 2017 година веќе еднаш даде негативно мислење за
ова барање, но, по неговото повторување поради корегираната топографска карта,
гевгелиските советници едногласно повторно дадоа негативно мислење. На тоа не
обврзува референдумот на кој мнопзинството граѓани на општина Гевгелија се
изјаснија против истражување и експлоатација на металични минерални суровини на
територијата на општината.
Пред почетокот на седницата, на повик од граѓанското здружение „Спас за нас“
гевгеличани протестираа пред зградата на локалната самоуправа против отворање
погон за преработка на отпад и продолжување на геолошките истражувања за злато
на планината Кожуф.
-Не смееме да дозволиме најчистиот и најубавиот град во Македонија да се претвори во депонија за увозен отпад. Очекуваме и ги охрабруваме нашите сограѓани советници да донесат едногласна одлука со големо НЕ како што тоа го направија во неколку наврати во изминатите две години,а на компаниите им порачуваме отпадот да си го преработуваат дома, изјавија организаторите на протестот и граѓаните.
Притоа, гевгеличани генерално им порачаа на сите загадувачи да не го губат времето со овие деструктивни проекти затоа што Гевгелија била и ќе остане еколошка оаза информираат од Општина Гевгелија.
Поврзани содржини

Над 25.000 посетители на концертната вечер на Северина во Гевгелија во рамки големото МЕГА отворање

Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определена мерка притвор од 30 дена

Наскоро МЕГА ШОПИНГ ПАРК во Гевгелија, модерeн шопинг парк со голем избор на брендови, забава и услуги на едно место

СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА за заштита и спасување „ДА ЈА СПАСИМЕ ИДНИНАТА“ во ООУ „Владо Кантарџиев“

ОД ЛЕГЕНДА ДО СЦЕНА: МИРАВЦИ ЈА ЖИВЕЕ „ЃУРА МАРА“

НАД 700 ПОСЕТИТЕЛИ НА САЕМОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЕГА ШОПИНГ ПАРК ГЕВГЕЛИЈА
Гевгелија
Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Гевгелија
МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници
Published
3 месеци agoна
август 19, 2026By
Media Press
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.
Гевгелија
На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант
Published
3 месеци agoна
август 14, 2026By
Media Press
На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз.
Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

