Македонија
Според Транспаренси Интернешнл Македонија ја подобрува својата позиција во борбата против корупцијата
Објавено на
Од
Media Press
Објавениот ИПК за 2021 од страна на Транспаренси Интернешнл ни покажува дека корупциските нивоа се во застој насекаде, со 86% од државите кои не направиле или пак имаат многу мал развој во последните 10 години.
Транспаренси Интернешнл открива дека земјите кои не ги почитуваат граѓанските слободи имаат понизок резултат на ИПК. Самозадоволството од борбата против коруцпијата дури и кога има видливи недостатоци води до зголемување на прекршувањата на човековите права и ја поткопува демократијата, поставувајќи неправилна крива.
ИПК рангира 180 земји и територии според перцепирани нивоа на корупција во јавниот сектор на скала од 0 (многу корумпирано) до 100 (некорумпирано).
Средната ИПК оцена е 43 веќе десетта година по ред, а 2/3 од земјите имаа добиено под 50 поени.
- На највисоко место на индексот се наоѓаат Данска (88), Финска (88) и Нов Зеланд (88), и сите од нив се наоѓаат во топ 10% во светот на индексот за граѓански слободи Democracy Index.
- Сомалија(13), Сирија (13) и Јужен Судан (11) остануваат на дното на индексот (Сомалија и Јужен Судан се нерангирани).
- 27 земји- меѓу кои и Кипар (53), Либан (24) and Хондурас (23) – имаат историски најнизок скор оваа година.
Во последната декада, 154 земји или паднале надоле на индексот или немаат никаков развој.
- Од 2012, 23 земји значително паднале на ИПК- вклучувајќи и напредни економии како Aвстралија (73), Канада (74) и САД (67), последната е надвор од првите 25 за прв пат на овој индекс.
- 25 земји значително го подобриле својот резултат, вклучувајќи ги Естонија (74), Сејшелите (70) и Ерменија (49).
Македонија во 2021 година се искачила на 87 место со 39 поени според Индексот на перцепција на корупцијата. Во 2020 година Македонија се наоѓала на 111 место со само 35 поени.

Во регионот има мало раздвижување во позициите на земјите. Најголемо искачување на листата има Македонија, односно од 111 место на табелата во 2020 година, сега се наоѓа на 87 позиција. Најголем пад има Бугарија со 9 места на табелата. Од 69-то место во 2020 година сега го зазеа 78-то место.
На најниска позиција во регионот се наоѓаат Албанија и Босна и Херцеговина и го заземаат 110то место.

Поврзани содржини

Општина Валандово најтранспарентна од 10-те општини во Југоистокот, во првата група за многу добра транспарентност влегува и Општина Радовиш

Од утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи

Корупција во онлајн медиумите има, потребна е активна саморегулација но и институционално почитување на Регистар со онлајн медиуми (promedia.mk)

Спасовски: Мора интензивно да продолжат активностите за борба против корупцијата

Според индексот за корупција Македонија најлошо рангирана досега

Влада: Ја зголемуваме транспарентноста на институциите и општините

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

