Македонија
Општина Валандово најтранспарентна од 10-те општини во Југоистокот, во првата група за многу добра транспарентност влегува и Општина Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на инсититуциите, министерствата и општините според Индексот на активна транспарентност за 2024 година.
Рангирањето се спроведува секоја година од 2016 година наваму. Опфатени се 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини според проактивното објавување информации од јавен карактер.
Според Индексот просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена за 4 процентни поени (од 76 % на 80 %).
Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 86 %, а на општините 79 %. Во однос на лани, кај министерствата нема напредок, а општините се подобриле за 5 процентни поени.
Од владините институции, максималните 100 % активна транспарентност годинава ги задржа само Министерството за одбрана, кое четврта година по ред ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност. Владата падна од ланското прво место и 100 % на 40 -то место со 87 % активна транспарентност.
За прв пат годинава, дури пет општини, Валандово, Берово, Битола, Кавадарци и Кичево остварија 100 % активна транспарентност.
Од општините од Југоисточниот регион со многу добра транспарантост од 100% се оценува Општина Валандово. Потоа Општина Богданци и Општина Гевгелија имаат 91,4 трансапрентност, веднаш по нив е Општина Радовиш со 90% транспарентност.
Струмица има 88,9% транспарентност, потоа следуваат Општина Василево со 87%, Конче со 85,5%, Ново Село со 84,1% и Босилов со 81,2% транспарентност.
Општина Дојтан е оценета како просечно транспарентна општина со 51,4% како нај нетранспарентна општина во регионот.
Својата активна транспарентност ја подобриле 71 % од вклучените институции.
Меѓу регионите, Источниот Регион ја задржа и дури ја подобри лидерската позиција во однос на другите региони (со 88 % активна транспарентност), додека Скопскиот Регион за многу малку ја избегна последната позиција на којашто се наоѓаше со години. Сега, на последно место е Североисточниот Регион (со 72 % активна транспарентност).
Најмалку информации министерствата објавуваат за своите надлежности (78 % од можни 100 %), а општините за финансиите (67 % од можни 100 %).
Поврзани содржини

За пејачи и изведувачи општините трошат 1 милион евра годишно, покажува истражувањето на Центар за граѓански комуникации

Градоначалниците на општините Василево, Ново Село и Босилово потпишаа договори во Владата, за реализација на инфраструктурни проекти

Според Транспаренси Интернешнл Македонија ја подобрува својата позиција во борбата против корупцијата

Влада: Ја зголемуваме транспарентноста на институциите и општините

Одобрени согласностите за организирање настава со физичко присуство во училиштата, по барања поднесени од 2 до 14 септември

Изречени се повеќе глоби и забрани на активности кои значително влијаеле на загадувањето на воздухот

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

