Македонија

МФ: Вонреден надзор над работењето на финансиските друштва – забрана од 30 дена за две финансиски друштва да издаваат кредити

25 ноември 2026, Скопје – Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

Вонредниот надзор беше спроведен во последните три месеци постапувајќи по пријави од граѓани при што презеде соодветни мерки согласно законските прописи.

Надзорот над финансиските друштва се спроведува согласно Законот за финансиските друштва и подзаконските акти, преку континуирано вонтеренско следење и непосредни контроли. Активностите на финансиските друштва се следат континуирано при што особено внимание се посветува на претставките, пријавите и информациите доставени од граѓаните, како значаен извор на сознанија за работењето на овие субјекти и за евентуалните ризици за корисниците на финансиски услуги. При тоа, секоја претставка или пријава доставена до Министерството за финансии се разгледува во рамките на неговите законски надлежности и во зависност од содржината и наводите, се преземаат соодветни активности.

Министерството за финансии ги охрабрува сите граѓани коишто сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва да поднесат пријава до Министерството за финансии. Пријавите може да се достават преку архивата на Министерството за финанси, по пошта на адреса ул. „Даме Груев“ бр.12 Скопје и на електронската адреса: prijavafd@finance.gov.mk.

Имено, Министерството за финансии спроведува континуиран надзор над работењето на финансиските друштва. При тоа од јули 2024 година  има изречено мерка за одземање четири дозволи за работа на финансиски друштва, привремено затворање на три финансиски друштва, глоби на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари или околу 49.400 евра, како и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.

Министерството за финансии ќе продолжи со континуиран надзор над финансиските друштва, засилено следење на работењето на финансиските друштва, како и преземање соодветни мерки во рамките на своите законски надлежности, со цел унапредување на законитоста и транспарентноста во работењето и зајакнување на заштитата на граѓаните како корисници на финансиски услуги, соопштуваат од министерството.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

ССНМ и ЗНМ: Единствен етички и законски дозволен нарачан текст од политичари е платено рекламирање!

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ)…

27 минути ago

„НИТУ ПАРТИСКА КНИШКА, НИТУ ФУНКЦИЈА НЕ СЕ НАД ЗАКОНОТ! КАДЕ ЗАВРШИЛЕ МИЛИОНИТЕ?

„МЕНУВАМЕ“ БАРА ФИНАНСИСКА ИСТРАГА, ОДГОВОРНОСТ И ЈАВЕН СТАВ ОД ВМРО-ДПМНЕ! Скопје, 25 ноември 2026 година…

43 минути ago

ФЕМИЦИД – како најтежок облик на родово базирано насилство

Женоубиство, фемицид или феминицид — злосторство од омраза против жени мотивирано од полот на жртвата.…

1 час ago

Подемот на Моамер Гадафи и доаѓањето на власт

Моамер Гадафи е роден во сиромашно бедуинско семејство во близина на градот Сирт (точниот датум…

3 часа ago

ТЕНДЕРИТЕ ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ СЕ ДОДЕЛУВААТ ПОД ЕДНИ УСЛОВИ, А СЕ РЕАЛИЗИРААТ ПОД ДРУГИ

Центарот за граѓански комуникации денес го објави истражувањето за јавните набавки на градежни работи за…

5 часа ago

Градежни активности на експресниот пат Штип-Радовиш

Од денес, 24.11.2026 (Вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на Клучка Бучим ќе се…

23 часа ago