Connect with us

Македонија

МФ: Вонреден надзор над работењето на финансиските друштва – забрана од 30 дена за две финансиски друштва да издаваат кредити

Media Press

Објавено на

25 ноември 2026, Скопје – Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

Вонредниот надзор беше спроведен во последните три месеци постапувајќи по пријави од граѓани при што презеде соодветни мерки согласно законските прописи.

Надзорот над финансиските друштва се спроведува согласно Законот за финансиските друштва и подзаконските акти, преку континуирано вонтеренско следење и непосредни контроли. Активностите на финансиските друштва се следат континуирано при што особено внимание се посветува на претставките, пријавите и информациите доставени од граѓаните, како значаен извор на сознанија за работењето на овие субјекти и за евентуалните ризици за корисниците на финансиски услуги. При тоа, секоја претставка или пријава доставена до Министерството за финансии се разгледува во рамките на неговите законски надлежности и во зависност од содржината и наводите, се преземаат соодветни активности.

Министерството за финансии ги охрабрува сите граѓани коишто сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва да поднесат пријава до Министерството за финансии. Пријавите може да се достават преку архивата на Министерството за финанси, по пошта на адреса ул. „Даме Груев“ бр.12 Скопје и на електронската адреса: prijavafd@finance.gov.mk.

Имено, Министерството за финансии спроведува континуиран надзор над работењето на финансиските друштва. При тоа од јули 2024 година  има изречено мерка за одземање четири дозволи за работа на финансиски друштва, привремено затворање на три финансиски друштва, глоби на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари или околу 49.400 евра, како и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.

Министерството за финансии ќе продолжи со континуиран надзор над финансиските друштва, засилено следење на работењето на финансиските друштва, како и преземање соодветни мерки во рамките на своите законски надлежности, со цел унапредување на законитоста и транспарентноста во работењето и зајакнување на заштитата на граѓаните како корисници на финансиски услуги, соопштуваат од министерството.

Македонија

ССНМ и ЗНМ: Единствен етички и законски дозволен нарачан текст од политичари е платено рекламирање!

Media Press

Published

на

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразуваат загриженост поради изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за нарачувањето текстови во медиумите, дадена во телевизиско интервју пред два дена. Во изјавата поврзана со пишувањето на Фајненшл Тајмс (ФТ) за деловните операции на Алта банка Србија во Австрија, премиерот алудираше дека конкретниот текст во овој медиум бил или би можел да биде нарачан.

Фрлањето сомнеж врз угледен светски медиум и кон кој било професионален медиум не испраќа добра порака. Уште посериозен е ставот на премиерот дека политичките субјекти „може да нарачаат текстови во каков било портал“ и „сешто да пишува“, како и дека премиерот „не разбира што не е добро тука“.

На дополнителните прашања од новинарката, премиерот негираше дека тој или партијата на власт нарачуваат текстови за да оцрнат некого. ССНМ и ЗНМ го имаат предвид тоа, но сметаат дека ваквите изјави, без оглед на намерата, ја поткопуваат улогата на слободните медиуми во стабилните демократски општества: да бидат контролор на власта и да придонесуваат за информирана јавност врз основа на факти потврдени од релевантни извори.

ССНМ и ЗНМ потсетуваат дека нарачани текстови во медиумите можат да се објавуваат единствено како реклама за маркетинг цели, кои медиумот мора јасно да ги означи. Свесни дека можеби постојат и неформални нарачки во некои медиуми, но таа пракса целосно е спротивна на професионалните етички стандарди на новинарството и тоа е штетно по јавниот интерес. Затоа, ваквите изјави дополнително ја нарушуваат и онака кревката доверба во медиумите и во новинарите.

Прочитај повеќе

Македонија

„НИТУ ПАРТИСКА КНИШКА, НИТУ ФУНКЦИЈА НЕ СЕ НАД ЗАКОНОТ! КАДЕ ЗАВРШИЛЕ МИЛИОНИТЕ?

Avatar

Published

на

„МЕНУВАМЕ“ БАРА ФИНАНСИСКА ИСТРАГА, ОДГОВОРНОСТ И ЈАВЕН СТАВ ОД ВМРО-ДПМНЕ!

Скопје, 25 ноември 2026 година

Кога се трошат јавни пари, граѓаните имаат право да знаат кој одлучувал, кој одобрувал, кому му биле исплатени средствата и дали услугите навистина биле реализирани.

Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“ отвора сериозни прашања за финансиското работење и договорите поврзани со проектот SIAP P170343, финансиран преку заем од Светската банка, со број IBRD-90360.

Според достапните информации, вредноста на заемот изнесува 15,17 милиони американски долари, а пријавените исплати се 8.179.079 долари. Во документацијата се појавуваат и договорни ставки поврзани со Medical School Hamburg, ASEE и INFOSOFT INTECH+ / INFOSOFT SYSTEMS, во значителни финансиски износи.

Бараме целосна проверка на договорите, исплатите, реализираните услуги и одговорноста на лицата кои управувале со средствата.

28 ТРАНСАКЦИИ – 2.990.809 ДЕНАРИ: КОЈ ГИ ОДОБРУВАЛ?

Според финансиските податоци со кои располага „Менуваме“, се наведуваат:

  • Елена Кочоска: 21 трансакција во износ од 2.402.135 денари за 2025 и 2026 година.
  • ЗЕТА: 7 трансакции во износ од 588.674 денари за 2026 година.

Вкупно: 28 трансакции во износ од 2.990.809 денари.

Коалицијата располага со документ од Централниот регистар според кој Елена Кочоска е евидентирана како основач, сопственик и законски застапник на ЗЕТА.

Бараме да се утврдат правната основа, потеклото на средствата, договорните односи и евентуалната поврзаност со проектот SIAP или други јавни средства.

Самите трансакции не се доказ за незаконитост. Но, нивната основа и оправданост мора да бидат проверени.

ИНБОХ ДОО – ОКОЛУ 12 МИЛИОНИ ДЕНАРИ: КОЈ ГИ ЧУВА ПОДАТОЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ?

Посебно прашање отвораат договорните и финансиските ставки поврзани со ИНБОХ ДОО Скопје, во износ од приближно 12 милиони денари, за дигитализација, архивирање и обработка на документи, според достапната документација.

Јавно прашуваме:

  • Кој одлучил приватна компанија да биде ангажирана за овие активности?
  • Кои конкретни услуги се договорени и колку средства навистина се исплатени?
  • Каде се чуваат податоците на граѓаните?
  • Кој има пристап до нив?
  • Дали се исполнети законските услови за заштита на личните податоци?
  • Кој ја контролира работата и кој одговара при евентуална злоупотреба?

Зошто се издвојуваат околу 12 милиони денари, а јавноста нема целосни одговори за тоа кој ги обработува и чува податоците на граѓаните?

Бараме и Агенцијата за заштита на личните податоци да ги провери законитоста и безбедноста на обработката.

ЗОШТО НЕ БИЛ ВКЛУЧЕН ФИНКИ? ЗОШТО НЕ БИЛ ИСКОРИСТЕН ДРЖАВНИОТ АРХИВ?

Отвораме уште две суштински прашања:

Зошто не биле разгледани капацитетите на ФИНКИ при УКИМ за развој и реализација на информатичките решенија?

Дали Министерството за социјална политика, демографија и млади направило анализа дали дел од работата можеле да ја реализираат домашни јавни научни и образовни институции, со поекономично користење на јавните средства?

И уште поважно:

Државниот архив на Република Северна Македонија – за што служи неговата стручна и законска надлежност во областа на архивирањето и чувањето на архивскиот материјал, ако не била разгледана можноста за негова вклученост во архивскиот дел од проектот?

Не тврдиме дека овие институции автоматски требало да ги добијат договорите. Бараме да се утврди дали нивното вклучување било разгледано, дали постоела поисплатлива алтернатива и кој одлучил да се ангажираат надворешни изведувачи.

ЗОШТО ДРЖАВАТА ДА ТРОШИ МИЛИОНИ, А ДА НЕ ГИ ИСКОРИСТИ СОПСТВЕНИТЕ НАУЧНИ, СТРУЧНИ И ИНСТИТУЦИОНАЛНИ КАПАЦИТЕТИ?

94.412 ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ – ЈАВНИТЕ ПАРИ МОРА ДА СЕ ТРОШАТ ОДГОВОРНО!

Според Пописот од 2021 година, во Северна Македонија се евидентирани 94.412 лица со попреченост, од кои 52.203 жени и 42.209 мажи.

Зад овие бројки стојат луѓе, семејства и деца кои имаат право на достоинствен живот, социјална сигурност, пристапност и функционални институции.

Кога проектите се финансираат со јавни средства и заемни средства што државата треба да ги враќа, јавноста има право да знае дали тие навистина ја оствариле својата намена.

„МЕНУВАМЕ“ ПОДНЕСЕ ДОКУМЕНТАЦИЈА ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО И БАРА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ИСТРАГА!

Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“ информира дека документацијата и укажувањата за наведените финансиски прашања се доставени до надлежните институции, меѓу кои и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Документацијата е доставена до:

  1. Светската банка;
  2. Управата за финансиска полиција;
  3. Министерството за финансии;
  4. Министерството за социјална политика, демографија и млади;
  5. Државната комисија за спречување на корупцијата;
  6. Владата на Република Северна Македонија;
  7. Државниот завод за ревизија;
  8. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Со доставувањето до Јавното обвинителство, „Менуваме“ бара надлежните обвинителски органи да ги разгледаат приложените информации и документација и да утврдат дали постојат основи за преземање дејствија во рамките на нивните законски надлежности.

Особено бараме проверка на:

  • Финансиските текови и исплатите;
  • Договорите и изборот на изведувачи;
  • Основата и оправданоста на наведените трансакции;
  • Евентуалниот судир на интереси;
  • Реализацијата на договорените услуги;
  • Заштитата и обработката на личните податоци;
  • Одговорноста на сите лица кои учествувале во одлучувањето и управувањето со средствата.

Не бараме однапред да се прогласи нечија вина. Бараме институциите да ја утврдат фактичката состојба, а доколку се утврдат неправилности или незаконитости, да постапат согласно закон.

„МЕНУВАМЕ“: НЕ БАРАМЕ НИЧИЈА ГЛАВА. БАРАМЕ ВИСТИНА И ОДГОВОРНОСТ!

Коалицијата „Менуваме“ порачува:

„Ние не водиме политичка пресметка. Бараме одговори.

Зошто се трошат милиони? Кој ги одобрувал договорите? Зошто не биле разгледани капацитетите на ФИНКИ и Државниот архив? Кој ги обработува и чува податоците на граѓаните?

Не може јавните пари да се трошат, а институциите да молчат. Не може граѓаните да плаќаат, а да не знаат кој одговара за нивните пари и податоци.

Ако сè е законски, нека се докаже со документи. Ако постојат неправилности, нека има одговорност.

Ниту партиска книшка, ниту функција, ниту политичка заштита не се над законот!“

„МЕНУВАМЕ“ НЕМА ДА МОЛЧИ!

Коалицијата ќе продолжи да бара транспарентност, институционална одговорност и целосно расветлување на сите прашања поврзани со проектот.

ВИСТИНАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПАРТИСКО ПРАШАЊЕ!

ЈАВНИТЕ ПАРИ БАРААТ ЈАВНА ОТЧЕТНОСТ!

НИТУ ПАРТИСКА КНИШКА, НИТУ ФУНКЦИЈА НЕ СЕ НАД ЗАКОНОТ!


КОАЛИЦИЈА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП „МЕНУВАМЕ“

КОАЛИЦИЈА „МЕНУВАМЕ“ – ДВИЖЕЊЕ ВО ИНТЕРЕС НА ДЕЦАТА И ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ.

Прочитај повеќе

Македонија

Градежни активности на експресниот пат Штип-Радовиш

Media Press

Published

на

Од денес, 24.11.2026 (Вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на Клучка Бучим ќе се одвиваат градежни активности- менување на оштетена еластомерна дилатација на мост на km 26+913, поради што ќе бидат поставени семафори и сообраќајот ќе се одвива наизменично.

Прочитај повеќе