Connect with us

Економија

На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата

Avatar

Published

на


Владата информира дека 21.542 компании ќе добијат по 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата. Од вкупниот број на поднесени барања, 2.377 барања се од угостителската дејност, 253  се туристички агенции (туроператори), 2.177 се од дејноста транспорт, 258 се од објекти за сместување, а 16.625 се од останатите дејности.


Со уредбата на Владата за оваа мерка можеа да аплицираат и самостојните вршители на дејност (трговец-поединец, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење на дејност и е запишано во соодветен регистар). Според владиното соопштение, ним им се одобрени 5.840 барања за финансиска помош од 14.500 за исплата на плати за април.


„Работодавачите можеа да ги вратат назад на своите работни места работниците на кои им беше прекинат работниот однос во периодот од 11-ти март до 30-ти април. Благодарение на ова дополнување до 7-ми мај, до кога беше определен рокот за ова, околу 500 работници се вратија на своите работни места.


На останатите им останува правото за надомест заради изгубено место во  определен број на месеци соодветно на нивниот работен стаж и во висина од 50% од просечната нето плата во последните 24 месеци, мерка која се спроведува преку Агенцијата за вработување. 


Паралелно со оваа, во тек се и спроведувањето на мерките Ковид 1 и Ковид 2 бескаматни кредити од линиите на Развојната банка на Северна Македонија, во вкупен износ од 13.7 милиони евра, кои што ги таргетираат микро, малите и средни претпријатија погодени од кризата.


Од линијата кредити Ковид 1 досега се одобрени вкупно 631 кредитни апликации за исто толку компании со 5.588 вработени.
По структура од вкупно одобрените кредитни апликации, микро компаниите до 10 вработени учествуваат со 76%, малите компании до 50 вработени учествуваат со 22%, а средните компании до 250 учествуваат со 1%.
За втората линија бескаматни кредити – Ковид 2, се примени околу 2.500 апликации. Повикот е објавен на 29-ти април, а ќе трае до 13-ти мај 2020 година. Владата повикува компаниите да аплицираат и за овие поволни кредити кои ја поддржуваат нивната ликвидност.
 
Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана и линија со исклучително поволни кредити во износ од 51 милион евра.
Од почетокот на годината заклучно со април фирмите добиле поврат на ДДВ од 145 милиони евра.

Тоа е за 16.7% повеќе во однос на претходната година. Само за месец април повратот на ДДВ кон компаниите е 38 милиони евра или за 23% повеќе во однос на истиот месец лани.
За ослободување од плаќање на аконтации на данок на личен доход поднесени се 816 барања – прифатени се 597 барања.
За ослободување на плаќање на аконтации на данок на добивка поднесени се 1.019 барања – прифатени се 747 барања.

Сите досегашни мерки се активни и доколку биде потребно, ќе се применуваат и понатаму. Во тек е подготовката на третиот пакет мерки кои ќе понуди директна поддршка и помош за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка, мерки кои ќе дадат стимул за полесно и побрзо надминување на економските последици од коронавирусот за навремено да можеме да фатиме чекор за заживување на македонската економија и нејзин динамичен раст и развој“, стои во соопштението од Влада.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе