Македонија
Општина Конче објавува Јавен повик за доставување на Годишни програми за доделување на финансиски средства на здруженија на граѓани
Објавено на
Од
Media Press
Општина Конче ги повикува сите здруженија на граѓани кои дејствуваат на територијата на Општината да достават годишни програми за работа со активности од јавен интерес за 2027 година, заради нивно вклучување во Буџетот на Општина Конче за 2027 година.
**Потребна документација**
– Тековна состојба од Централен регистар на РСМ, не постара од шест месеци;
– Годишна програма за работа во 2027 година;
– Извештај за искористени средства од Општина Конче за претходната година (доколку користеле средства).
**Рок за пријавување:** 10 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.
Пријавите и потребната документација се доставуваат до архивата на Општина Конче или по пошта на адреса: Општина Конче, 2424 Конче.

Поврзани содржини
Македонија
Во декември нов повик од ИПАРД III за земјоделските стопанства, преработувачите и руралните бизниси
Published
38 минути agoна
ноември 24, 2026By
Media Press
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој вчера, 23 ноември, ја објави претходната најава за декемврискиот јавен повик 01/2026 од ИПАРД III, кој опфаќа три мерки за кофинансирање на инвестиции во земјоделски стопанства, преработувачки капацитети и рурални бизниси.
Надлежните институции направија проверки и постапија по сите препораки кои беа дадени од страна на Европската комисија. Притоа се пристапи и кон интензивно спроведување Акцискиот план за зајакнување на системите за управување и контрола на ИПАРД структурата, со кој, меѓу другото, се предвидува и дигитално следење на проектите од одобрувањето до исплатата, вклучувајќи ги и контролите на терен, како и рано предупредување при идентификуван ризик од доцнење на исплатите.
„Ја обновивме довербата во ИПАРД и продолжуваме да ги исполнуваме обврските што ги презедовме пред Европската комисија. Во рамки на спроведувањето на Акцискиот план го зајакнуваме Телото за управување со програмата и поставивме прецизни разграничувања на надлежностите, а во насока на јасно институционално нијансирање на тоа кој е одговорен за носење на секоја одлука и кој ќе ја проверува. Успеавме да ги идентификуваме и надминеме причините кои претставуваат ризик фактор за појава на слабости во процесот на спроведување на ИПАРД, односно ги зацврстивме европските стандарди во системот“, порачува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.
Мерката 1 поддржува вложувања во земјоделските стопанства за попродуктивно и одржливо производство, вклучително и набавка на механизација. Мерката 3 опфаќа инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, а мерката 7 е наменета за дополнителни дејности на фармите и развој на рурални бизниси. Од мерката 7 на овој повик се изземени производството и продажбата на енергија од обновливи извори.
Рокот за поднесување барања ќе изнесува најмалку 45 дена од објавувањето на повикот во дневните весници. Пред отворањето на повикот, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ги објави ажурираните упатства и потребната документација на својата веб-страница. Бесплатни совети за подготовка на барањата се достапни во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Насловната слика е генериирана од AI
Македонија
Ново намалување на цените на горивата од вечерва
Published
22 часа agoна
ноември 23, 2026By
Media Press
Промена на цените на горивата од вечерва, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати .
- Еуросупер 95 се намалува за 2 денари и ќе изнесува 82.0 ден/л,
- Еуросупер 98 се намалува за 2 денари и ќе изнесува 84.0 ден/л
- Еуродизел се намалува за 3,5 денари и ќе изнесува : 88.5 ден/л
Македонија
ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ СПРЕЧИЈА НЕЛЕГАЛЕН ВНЕС НА 2,8 ТОНИ НЕЈОДИРАНА СОЛ КОЈА Е ЗАБРАНЕТА ЗА УВОЗ
Published
4 дена agoна
ноември 20, 2026By
Media Press
Царински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз. Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација.
Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла.
Царинската управа потенцира дека откривањето на царински измами со храна е еден од главните приоритети на управата, со цел заштита на здравјето на граѓаните. За оваа цел минатата година со АХВ беше склучен и Меморандум за размена на податоци со што значително се унапреди борбата со криминалот поврзан со храна.


Во декември нов повик од ИПАРД III за земјоделските стопанства, преработувачите и руралните бизниси

Дали денес повеќе се потпираме на вештачката интелегенција или на сопствениот разумот

Општина Конче објавува Јавен повик за доставување на Годишни програми за доделување на финансиски средства на здруженија на граѓани

Дали темелите на успехот се поставуваат уште во средношколските денови? Интервју со Гоце Дединец, претседател на Совет на О. Радовиш

