Connect with us

Uncategorized

Една идеја може да направи голема промена

Avatar

Објавено на

Што ако храната со поминат рок повеќе не беше проблем?

Со Fresh & Fair создаваме идеја за побезбедна, поодговорна и посвесна иднина, во која секој производ има вредност, а храната не се фрла залудно!

ДЕНЕС Е ПОСЛЕДЕН ДЕН ЗА ГЛАСАЊЕ!

Вашиот еден глас може да направи разлика. Поддржете ја идеата и бидете дел од промената!

Гласајте за Fresh & Fair -затоа што идниата започнува со една добра идеа!

https://milioner.mk/vote/571200d5-ca83-42d0-9390-1b45c8322e03

прикажи повеќе

Uncategorized

Дали денес повеќе се потпираме на вештачката интелегенција или на сопствениот разумот

Avatar

Published

на

Во секојдневниот живот младите се почлесто ја користат вештачката интелегенција за да добијат информации, да учат и да решаваат различни задачи.Таа е корисна бидејќи ни го олеснува секојдневието и ни заштедува време.

Прекумерната употреба може да го намали самостојното размислување, креативноста и логиката. Затоа треба да ја користиме како помош, а не како замена за сопствениот разум.

Прочитај повеќе

Uncategorized

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан – од 2027 година ќе има место за двојно помалку граѓани

Avatar

Published

на

Германската влада усвои нацрт-уредба со која од 1 јануари 2027 година двојно ќе ја намали годишната квота за вработување работници од земјите на Западен Балкан – од досегашните 50.000 на 25.000 работни дозволи годишно. Со оваа одлука директно се опфатени и граѓаните на Северна Македонија, заедно со оние од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.

Остри реакции од германските работодавачи и Агенцијата за вработување

Иако нацрт-уредбата веќе е испратена до Горниот дом на парламентот (Бундесратот) на конечно одобрување, потегот на Берлин наиде на силен отпор кај германското стопанство. Од Сојузната агенција за вработување (BA) и од здруженијата на работодавачи и градежниот сектор предупредуваат дека постојната квота од 50.000 места веќе одамна не е доволна да ја задоволи огромната побарувачка на пазарот на труд.

Според последните податоци на Агенцијата, во Германија моментално работат околу 546.000 лица со социјално осигурување од Западен Балкан, а повеќе од половина од нив (53%) извршуваат задачи на ниво на квалификувани работници, пред сè во градежништвото, транспортот, логистиката, угостителството и негата на стари лица.

Прочитај повеќе

Uncategorized

УРОЛОШКАТА КЛИНИКА Во Скопје станува регионален центар за едукација и обука на уролози од регионот

Media Press

Published

на

На 2 ноември, Клиниката за урологија ја презеде улогата на меѓународен едукативен центар, отворајќи ги своите врати за уролози од Бугарија, Србија, Косово и Албанија. Тие имаа можност да се запознаат со најсовремените хируршки методи во решавањето на уринарната инконтиненција и еректилната дисфункција со помош на уролошки импланти или протези.

Во рамките на еднодневната програма беа изведени три операции пред присутните уролози: имплантација на трикомпонентна пенилна протеза и два зафати за вградување вештачки уринарен сфинктер кај мажи. Покрај директната опсервација на операциите, учесниците имаа можност да научат повеќе и за изборот и подготовката на пациентите, видовите на импланти, начините на нивно вградување, како и можните постоперативни компликации.

Операциите и едукативната програма ги изведуваше проф. д-р Огнен Ивановски.

Оваа меѓународна едукативна хируршка сесија претставува значајен чекор во развојот на македонската урологија и потврда дека домашната медицинска експертиза не само што ги следи современите светски достигнувања, туку активно придонесува за нивно споделување и унапредување во регионот. Клиниката и во иднина ќе продолжи да биде центар за едукација, обука и стручно усовршување на уролози од регионот во оваа област.

Министерството за здравство ја поздравува оваа иницијатива и го изразува своето признание за стручниот ангажман на тимот на Универзитетската клиника за урологија и директорот д-р Башким Шабани, како и благодарност до Фондот за здравствено осигурување за поддршката во унапредувањето на нашиот здравствен систем.

Прочитај повеќе