Иротова Лазарева: Трактор набавен преку програмата за рурален развој во 2023 година, при контрола го нема
Резултатите
од извршените контроли на Платежната
Агенција отвораат
сериозни прашања за начинот на користење на финансиската поддршка и
веродостојноста на пријавените податоци, информира директорката Даниела
Иротова Лазарева по контролите во Охридско-струшкиот регион.
„Трактор
набавен преку програмата за рурален развој во 2023 година – при денешната екс
пост контрола во с. Бичево, Струшко, не е пронајден кај земјоделското
стопанство, ниту на пријавените земјоделски површини. Според изјавите на
присутните, бил даден на користење на друго лице а во стопанскиот двор нема
никави траги од истиот, а постојат и писмени дојави дека е продаден. Корисникот
има договорна обврска најмалку пет години да ја користи инвестицијата за
потребите на своето стопанство и да не ја дава на трети лица и да ја отуѓува. Парите мора да ги вратиме во буџет!“ вели Иротова
Лазарева.
„Пријавени
50 пчелни семејства – при контролата на лице место не беше затекнато ниту едно
пчелно семејство, а според расположливите податоци корисникот нема ниту
регистарски број на одгледувалиште (РБО).
Пријавени
600 пчелни семејства – на терен затекнавме само 190 пчелни семејства со пчели и
10 празни сандаци, додека останатите 400 не беа пронајдени.
Финансиската
поддршка не е само право да се добијат средства од државата. Таа подразбира и
одговорност, исполнување на условите и почитување на преземените обврски.
Контролите продолжуваат – пред исплата, по исплата и во текот на периодот на исполнување на договорните обврски. Нема селективност и нема привилегирани.
Нашата
обврска е да ги заштитиме чесните земјоделци и да обезбедиме јавните средства
да се користат за вистинско земјоделско производство.
Пријавеното на хартија мора да постои и на терен!“, стои во информацијата од Иротова Лазарева споделена на социјалните мрежи.