Струмица

Со германска експертиза ќе се унапредува јавниот превоз во Струмица, директорот Митушев на средба со делегацијата од Шланген

Германската делегација од Општина Шланген, заедно со домаќинот, градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, беа во посета на ЈСП „Струмица транспорт“. Директорот на ЈСП „Струмица-Транспорт“ Ване Митушев ги претстави актуелната состојба, функционирањето и развојните потреби на јавниот превоз во Струмица.

Делегацијата, во чиј состав има и четворица експерти за јавен превоз и одржлива мобилност, имаше можност непосредно да се запознае со организацијата на системот, со досегашните резултати, но и со предизвиците што го условуваат неговиот понатамошен развој.

Претпријатието располага со 10 целосно електрични автобуси, кои се организирани во 12 автобуски линии и опслужуваат мрежа од 118 автобуски постојки, при што превозот ги опфаќа поголемиот дел од населените места во општината.

„Ова е значајна основа за развој на современ и еколошки јавен превоз, но нашата цел е системот дополнително да го унапредуваме. Пред нас се предизвици поврзани со зголемувањето на возниот парк, модернизацијата на автобуските постојки, воспоставувањето сопствен сервисен центар и подобрувањето на енергетската инфраструктура. Особено важно е да ги разгледаме можностите за користење обновливи извори на енергија и проширување на јавниот превоз кон другите општини во регионот. Размената на искуства со германските експерти е можност да добиеме стручни насоки и конкретни препораки за следните развојни чекори на претпријатието“, истакна Митушев, директорот на ЈП „Струмица-Транспорт“.

Разговорите беа насочени и кон можностите за проширување на мрежата на јавен превоз надвор од општинските граници, подобрувањето на поврзаноста со соседните општини и примената на современи европски практики во управувањето со јавниот транспорт.

Посетата на германските експерти претставува можност за стручна размена и согледување на конкретни решенија кои би придонеле за поголема ефикасност, функционалност и одржливост на јавниот превоз во Струмица.

 Делегацијата од Шланген ќе престојува во Струмица до 13 ноември, а се очекува стручната размена да резултира со конкретни препораки и можности за долгорочна соработка меѓу двете општини.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago