Струмица

Општина Струмица поддржува нови иницијативи за поздрава животна средина, струмичани меѓу најактивните апликанти за зелени инвестиции досега

Граѓаните на Општина Струмица се меѓу најактивните корисници на Програмата „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Македонија“. Според податоците на Фондот за зелено финансирање (GFF), во првите три квартали од 2026 година, струмичани учествуваат со околу една четвртина во вкупниот број апликанти на национално ниво.

Бројот на апликанти од Струмица изнесува 27 во првиот квартал, од вкупно 104 апликанти (26%), 33 во вториот, од вкупно 131 (25,2%), и 10 во третиот квартал, од вкупно 40 апликанти (25%).

Градоначалникот Петар Јанков и Општина Струмица, во соработка и со поддршка од УНДП и Фондот за зелено финансирање, ги поддржаа можностите за примена на одржливи енергетски решенија во домаќинствата, што ги нудеше овој Фонд за зелено финансирање.

Високото учество на граѓаните е охрабрувачки показател и е во согласност со заложбите на локалната самоуправа за поздрава и почиста животна средина, намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на животот.

Затоа градоначалникот Јанков и надлежните служби и во наредниот период ќе поддржуваат вакви инструменти за поддршка на иницијативи за поздрава животна средина и зелени инвестиции.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago