Македонија
НЗМ СО РЕАКЦИЈА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ВИНАРИИ: Господа менаџери на македонските винарии!!!
Објавено на
Од
Media Press
НЗМ со реакција до македонските винарии, револтирани од ниските понижувачки цени како што велат, за откупот на грозјето од годинашната реколта, во која се вели:
„Во оваа прилика, како членови на Националната земјоделска мрежа, ви се обраќаме директно и бескомпромисно, господа менаџери на македонските винарии.
Според неофицијални информации кои пристигнуваат до нас, бараме од вас јавно и лично да се изјасните по следните прашања:
– Дали е точна информацијата дека како откупувачи на грозје од реколтата 2025 година имате добиено директна финансиска поддршка од државниот буџет во износ од 43.000.000 денари (700.000 евра)?
– Дали за секој откупен килограм грозје од сортата Вранец од реколтата 2025 сте субвенционирани со дополнителни 12 денари по откупен килограм?
– Дали за секој откупен килограм грозје од сортата Смедеревка сте субвенционирани со по 2 денари по килограм?
– Дали овие средства ви се исплатени со приоритет уште на почетокот на 2026 година, по специјални ургенции?„ прашуваат од Национална земјоделска мрежа, од каде упатуваат дополнителни прашања за деловната етика и односот кон лозарите.
„Доколку овие информации се точни, логично и неизбежно се поставуват прашањата:
До каде одат вашите апетити и вашата ненаситност?
Дали повторно чекате државата целосно да ве субвенционира и финансира за да го откупите трудот на лозарите по мизерни и понижувачки откупни цени?
Каде е вашата деловна етика, достоинство и барем минимална човечка емпатија кон макотрпниот и несигурен земјоделски труд?
Наместо со заеднички сили да се трудите оваа стопанска гранка – која има огромни компаративни предности – да се развива и реално да се наметне како лидер во регионот и пошироко, вие упорно и безобразно го уништувате регионот што е светски препознаен по врвен квалитет и природни предиспозиции.
Запаметете едно. Лозарите повеќе нема да го толерираат овој однос. Вашето златно време на безмилосно искористување заврши
Ова ли се вашите минимално загарантирани цени согласно Законот за вино?
Го повикуваме ресорното министерство за земјоделие и земјоделскиот инспекторат да ја штити законитоста и правната легислатива која произлегува од Законот за вино“, стои во реакцијата од НЗМ.
Инаку според објавениот документ од нивна страна грозјето Смедеревка Жилавка и Темјаника, се откупува по 14 денари за килограм.
Поврзани содржини

НЗМ со итно барање за интервентна субвенција и заштита на производството на пченица и јачменот

Став на Националната земјоделска мрежа по повод изгласаната доверба на министерот за земјоделство

Маскирани членови на „Златна зора“ упаднале на изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски во Солун

Пендаровски го осудува вандалскиот чин на каменување на „Македонски културен клуб – Никола Вапцаров“ во Благоевград

МНР: Безбедносните органи, сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски

Опозициската советничка група при Советот на Општина Радовиш со Реакција во врска со изјавата на директорката на Спортската сала

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

