НЗМ со реакција до македонските винарии, револтирани од ниските понижувачки цени како што велат, за откупот на грозјето од годинашната реколта, во која се вели:
„Во оваа прилика, како членови на Националната земјоделска мрежа, ви се обраќаме директно и бескомпромисно, господа менаџери на македонските винарии.
Според неофицијални информации кои пристигнуваат до нас,
бараме од вас јавно и лично да се изјасните по следните прашања:
– Дали е точна информацијата дека како откупувачи на грозје
од реколтата 2025 година имате добиено директна финансиска поддршка од
државниот буџет во износ од 43.000.000 денари (700.000 евра)?
– Дали за секој откупен килограм грозје од сортата Вранец
од реколтата 2025 сте субвенционирани со дополнителни 12 денари по откупен
килограм?
– Дали за секој откупен килограм грозје од сортата
Смедеревка сте субвенционирани со по 2 денари по килограм?
– Дали овие средства ви се исплатени со приоритет уште на почетокот на 2026 година, по специјални ургенции?„ прашуваат од Национална земјоделска мрежа, од каде упатуваат дополнителни прашања за деловната етика и односот кон лозарите.
„Доколку овие информации се точни, логично и неизбежно се поставуват прашањата:
До каде одат вашите апетити и вашата ненаситност?
Дали повторно чекате државата целосно да ве субвенционира и
финансира за да го откупите трудот на лозарите по мизерни и понижувачки откупни
цени?
Каде е вашата деловна етика, достоинство и барем минимална човечка емпатија кон макотрпниот и несигурен земјоделски труд?
Наместо со заеднички сили да се трудите оваа стопанска
гранка – која има огромни компаративни предности – да се развива и реално да се
наметне како лидер во регионот и пошироко, вие упорно и безобразно го
уништувате регионот што е светски препознаен по врвен квалитет и природни
предиспозиции.
Запаметете едно. Лозарите повеќе нема да го толерираат овој однос. Вашето златно време на безмилосно искористување заврши
Ова ли се вашите минимално загарантирани цени согласно
Законот за вино?
Го повикуваме ресорното министерство за земјоделие и земјоделскиот инспекторат да ја штити законитоста и правната легислатива која произлегува од Законот за вино“, стои во реакцијата од НЗМ.
Инаку според објавениот документ од нивна страна грозјето Смедеревка Жилавка и Темјаника, се откупува по 14 денари за килограм.