Радовиш

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација

Интензивно се работи на делницата од 1,2 километри од т.н. Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, која е во напредна фаза на реализација.

Овој патен правец е предвиден за движење на тешките товарни возила, со цел тие да не поминуваат низ населеното место Подареш. Со реализацијата на проектот значително ќе се растерети сообраќајот низ селото и ќе се зголеми безбедноста на жителите.

Проектот е финансиран со 22 милиони денари од Општина Радовиш и дополнителни 24 милиони денари од Министерството за транспорт и врски.

„Очекуваме градежните активности да завршат во најскоро време, со што Подареш ќе добие значајно сообраќајно растоварување и побезбедни услови за движење на граѓаните“, изјави градоначалникот Љупче Почивалец кој беше на увид на радотните Активности.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

4 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago