Струмица

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА за зголемено присуство на отпадна стара бела техника, електроника

По состојбите констатирани при спроведувањето на вонредни инспекциски надзори на терен во последниот период се забележува зголемено присуство на отпадна стара бела техника, оставање на отпад на несоодветни места и создавање на диви депонии, како и неовластено расклопување на отпадната електрична и електронска опрема на места кои не се наменети за таква активност.

Ваквото постапување претставува ризик за животната средина и може да доведе до неконтролирано издвојување и согорување на материјали и создавање на дополнително загадување.

ТРГОВЦИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ЈА ПРЕЗЕМААТ СТАРАТА ОПРЕМА

При купување на нов електричен или електронски уред, граѓаните имаат право старата опрема да ја предадат на трговецот, согласно законски утврдениот принцип „еден за еден“.

При достава на новата опрема, трговецот е должен, под условите утврдени со закон, да овозможи и преземање на старата опрема од местото на доставата.

ГРАЃАНИТЕ – НЕ ЈА ПРЕДАВАЈТЕ ОПРЕМАТА НА НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА!

Согласно законските обврски на крајните корисници, отпадната електрична и електронска опрема треба да се предава преку законски воспоставениот систем за собирање, односно кај трговецот при набавка на нова опрема или на определено место за собирање.

– НЕ ја предавајте старата опрема на лица за неовластено расклопување и издвојување на метали.

– НЕ ја расклопувајте сами.

– НЕ ја палете и не ја согорувајте!

Неправилното расклопување и особено согорувањето на електричната и електронската опрема може да предизвика загадување на воздухот, почвата и водата и да претставува ризик за здравјето на луѓето.

СТАРИОТ УРЕД – ПРЕДАДЕТЕ ГО НА ПРАВО МЕСТО!

Со правилното постапување:

спречуваме неовластено расклопување;

спречуваме согорување и загадување;

овозможуваме рециклирање и правилен третман на отпадот;

ја заштитуваме животната средина и здравјето на граѓаните.

ОПШТИНА СТРУМИЦА ГИ ЗАСИЛУВА КОНТРОЛИТЕ

Општина Струмица, преку општинските инспектори и Секторот за инспекциски работи, ќе ги засили инспекциските контроли кај трговците со електрична и електронска опрема, како и контролите на терен, со цел да се обезбеди почитување на законските обврски, да се спречи неовластено собирање и расклопување на отпадот и да се поттикнат граѓаните правилно да ја предаваат отпадната опрема.

Ова известување има за цел превентивно делување, подигнување на јавната свест и поттикнување на одговорно однесување на сите граѓани и трговци.

ЗАЕДНО ДА СПРЕЧИМЕ ДИВИ ДЕПОНИИ, РАСКЛОПУВАЊЕ И ГОРЕЊЕ НА ОТПАД!

Предадете го на законски определен начин.

За чиста Струмица – отпадот на вистинското место!

Постапувањето со отпадната електрична и електронска опрема е уредено со Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Службен весник на РСМ“ бр. 176/21 и 73/24). Во таа насока, согласно член 12 а во врска со член 67 од Законот за инспекциски надзор, Општина Струмица преку Секторот за инспекциски работи презема превентивни активности со цел навремено информирање на граѓаните и спречување на постапувања со кои се загрозува животната средина

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago