Categories: Uncategorized

Еразмус+ младинската размена “Democracy in motion” која се одржа во месец јуни во прекрасниот романски град Крајова

МЛАДОСТ ЖЕЛНА ЗА ДЕМОКРАТИЈА И ПРОМЕНИ

„Демократијата треба одново да се раѓа во секоја генерација, а образованието е нејзината бабица.“ Овие зборови ги кажал познатиот филозоф Џон Дјуи, а тие можеби најдобро зборуваат за важноста на Еразмус+ младинската размена „Democracy in motion“, која се одржа во месец јуни во прекрасниот романски град Крајова.

На оваа размена Македонија ја претставуваа шест млади ентузијасти: Мила, Илија, Ангела, Дарија, Симона и Даки, како претставници на македонската организација која е партнер на овој проект – „Сфера Интернешнал“ од Битола. Тие зедоа учество во проектот желни за што повеќе знаења и вештини за тоа како утре да бидат проактивни граѓани во својата заедница и преку својот активизам да направат демократски промени значајни за нив како млади луѓе.

На размената младите имаа можност да научат за работата на институциите на ЕУ, но и за методите како да бидат активни граѓани. Преку многуте дебати, симулации и играње улоги, тие имаа уникатна можност активно да практикуваат демократија, а преку посетите на Градскиот совет на Крајова и Националниот парламент на Р. Романија добија ретка прилика одблиску да се запознаат со работата на народните избраници и директно да им постават прашања кои ги засегаат како млади.

Ниту мултикултурниот аспект не беше изоставен. Преку интеркултурните вечери на сите држави учеснички, младите имаа можност одблиску да се запознаат со културата и традициите на другите земји.

По седум дена исполнети со учење, тимска работа, практикување демократија, забава и дружба, завесата на оваа среќна приказна се спушти со желба, надеж и ветувања за идна плодна меѓусебна соработка и активизам во создавањето промени значајни за сите млади ширум Европа.


Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago