Регион

Кривична пријава против раководител и овластен градежен инспектор при општина Струмица

Кривична пријава против раководител на Сектор за урбанизам и овластен градежен инспектор при општина Струмица за „злоупотреба на службената положба и овластување“ СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против С.Р.(38) и С.О.(61), двете од Струмица, ппоради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавената С.Р., како раководител на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при општина Струмица, ги пречекорила границите на своите службени овластувања на тој начин што издала Одобрение за надградба на станбена куќа за која од страна на општинската градежната инспекција веќе било донесено Решение за отстранување, а притоа се потпишала и во полето градоначалник.

Таквото одобрение го издала без да се информира и без да побара официјални податоци и документација за предметната градба во однос на евентуално констатирани неправилности од страна на општинската градежна инспекција.

Второпријавената С.О., во својство на овластен градежен инспектор при општина Струмица, не постапила согласно Законот за градење на тој начин што откако и било презентирано издаденото одобрение за надградба, таа не поднела предлог за поништување на тоа одобрение, иако била должна да провери дали самото одобрение е законски издадено и доколку утврди дека е спорно да поднесе писмен предлог за поништување до органот кој го донел, односно до Секторот за урбанизам при општина Струмица.

Наместо тоа, при контролниот инспекциски надзор констатирала дека повеќе нема неправилности, ја прекинала постапката и го поништила претходно донесеното решение за отстранување на бесправно изградената доградба.

Со таквите постапки пријавените овозможиле да се легализирала доградбата, односно му овозможила на правното лице- инвеститор да се стекне со противправна имотна корист преку продажба на бесправно доградените станбени површини.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago