Гевгелија

ПОСТАВЕНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ТЕКСТИЛЕН ОТПАД НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Општина Гевгелија во соработка со компанијата Тексомак и ЈПКД Комуналец Гевгелија, постави контејнери за селекција и одлагање на текстилен отпад на повеќе локации во Гевгелија.

„Преку оваа иницијатива на граѓаните им овозможуваме полесен и правилен начин за одложување на стара облека, постелнини, перници и друг тип текстилен материјал“, информира градоначалникот Андон Сарамандов.

Контејнерите за одлагање се поставени на следните локации:

ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија (пред Технички преглед); ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија; Детска градинка ,,Сончогледи” Гевгелија СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија (влез кај малата сала); ОО Црвен крст Гевгелија; Автобуска станица Гевгелија; Градски пазар Гевгелија; Подрачно училиште Негорци; Подрачно училиште Богородица.

Текстилниот отпад потребно е да биде спакуван во пластични ќеси, со цел негово полесно транспортирање и понатамошна обработка.

„Со вклучување во оваа активност ги повикувам граѓаните заедно да придонесеме за почиста, поздрава и поуредена Гевгелија“, додава Андонов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago