Радовиш

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

Во насока на транспарентна и отворена комуникација со локалното население, ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш ја информира јавноста за преземените активности поврзани со барањата на жителите на с. Тополница.

“По одржаниот состанок на 16.06.2026 година, на кој дел од жителите на с. Тополница побараа можност за директен разговор со стручно лице кое учествувало во изработката на проектната документација, ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш веднаш пристапи кон организација на таква средба.

Средбата беше закажана за 17.06.2026 година, со почеток во 11:30 часот, во с. Тополница, со цел жителите непосредно да постават прашања, да добијат стручни појаснувања и да се информираат за прашањата од нивен интерес поврзани со проектот за стабилизација на браната.

Во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови, откако средбата со стручно лице веќе беше организирана согласно претходно изразеното барање на дел од жителите, ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш беше известен дека жителите не се во можност да присуствуваат на средбата закажана за 17.06.2026 година и дека бараат разговорот да се реализира во понеделник, во 20:00 часот.

И покрај тоа, ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш остана доследен на претходно закажаниот термин и обезбеди присуство на стручно лице, со цел да биде достапно за евентуални прашања од заинтересираните жители. На денешната средба не присуствуваа жители кои би поставиле прашања или би побарале дополнителни појаснувања.

ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш останува целосно отворен за комуникација, дијалог и разјаснување на сите прашања поврзани со проектот за стабилизација на браната.

Со цел сите прашања да бидат соодветно разгледани и одговорени од стручно лице, жителите можат да ги достават своите прашања во писмена форма најдоцна до вторник, 23.06.2026 година, по пошта или електронски, на е-адресата: contact@bucim.mk. Доставените прашања ќе бидат проследени до професорот за стручен одговор, а одговорите ќе бидат обезбедени во рок од четири работни дена од денот на нивното доставување.

ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш останува посветен на транспарентност, одговорно работење и коректна соработка со локалната заедница“, стои во соопштението до јавноста од Рудникот Бучим.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

4 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago