ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА СЕ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС
Денеска во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието, пратениците на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев и м-р Реџеп Исмаил – Хактан, остварија средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Дмитриј Зиков.
Во услови на мултиполарен свет, одржувањето на добри релации со сите страни е неопходно за правилно позиционирање на државата, поради што Левица со години гради односи базирани на достоинство, еднаквост и взаемна почит. За жал, и покрај промената на власта, македонското МНР продолжува со слепото продолжување на санкциите, однесувајќи се како да се наоѓа во Брисел, а не во Скопје.
Како директна последица на ваквите еднострано воведени санкции, македонскиот земјоделец денес трпи катастрофални штети – традиционалниот извозен пазар е целосно затворен, додека квалитетните домашни производи масовно пропаѓаат на полињата – истакнаа пратениците од Левица.
На средбата, која помина во срдечна и пријателска атмосфера, беше потенцирана итната потреба од укинување на сите политички наметнати ограничувања кои го кочат економскиот, енергетскиот и културниот развој на Македонија, преку обнова на стратешката билатерална соработка со Руската Федерација.
Во продолжение целосната објава на Левица:
,,ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА СЕ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС – СРЕДБА НА ЛЕВИЧАРСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ СО НОВИОТ РУСКИ АМБАСАДОР
Во современите сложни геополитички услови, одржувањето добри релација со сите страни е неопходен предуслов заради правилно позиционирање на државата во мултиполарниот свет што веќе стана реалност.
Земајќи ја во предвид специфичната географска и деликатната политичка положба во која се наоѓа Македонија, #Левица години наназад гради односи на достоинство, еднаквост, взаемна почит, без фаворизирање или исклучување на определени страни.
Во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието, пратениците на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев и м-р Реџеп Исмаил – Хактан, денес, остварија средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Дмитриј Зиков. И покрај промената на власта, по однос на прашањата од надворешната политика, во однос на Руската Федерација речиси нема никаква промена. За жал од новата економска и енергетска криза, нашите власти не научија ништо. Санкциите не само што остануваат на сила туку и се продолжуваат, развојот на односите помеѓу двете земји е сведен на минимум, а македонското МНР се однесува како да се наоѓа во Брисел, а не во Скопје.
Поради сето ова, беше истакната потребата од повторно воспоставување нормални односи помеѓу Македонија и Русија.
На средбата се зборуваше и за катастрофалната состојба во земјоделието, која трае со години поради еднострано воведените санкции од наша страна. Огромен број градинарски и овошни култури кои ги произведува македонскиот земјоделец, остануваат на полињата, пропаѓаат или се продаваат за цени недостојни ниту за влогот во производство, додека нашите политичари сами ја затвораат вратата на извозот којшто би значел просперитет за илјадници земјоделци.
Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, каде беше истакната потребата од укинување на сите политички наметнати ограничувања што го попречуваат економскиот, енергетскиот и културниот развој на Македонија, преку стратешка билатерална соработка со Руската Федерација.“