Македонија

РЕКОРДНА ПОДДРШКА ЗА ТУТУНАРИТЕ: Владата исплати над 2 милијарди денари за реколтата 2025

Реализирана е исплата кон 15.144 тутунопроизводители како силен поттик за развој на оваа стратешка гранка

Скопје, 16 јуни 2026 – Владата на Република Македонија, преку ресорното министерство, комплетно ја реализираше исплатата на финансиската поддршка за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година. На сметките на 15.144 тутунопроизводители ширум земјата префрлени се вкупно 2.028.714.243 денари.

Оваа рекордна исплата на средства претставува силна поддршка за македонското агро-стопанство и директно признание за макотрпниот труд на тутунарите. Навременото доставување на средствата обезбедува финансиска стабилност за илјадници семејства кои егзистираат од оваа дејност.

„Тутунот останува една од клучните стратешки земјоделски култури во државата, која има исклучително значајна улога во развојот на македонската економија и во генерирањето на девизен прилив“, потенцираат од Министерството.

Од таму додаваат дека оваа исплата е само дел од системскиот пристап за помош на примарното производство. Министерството во наредниот период ќе продолжи со креирање и енергично спроведување на нови мерки и политики кои ќе обезбедат долгорочен, одржлив и стабилен развој на целокупното македонско земјоделство.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago